Jас лично имам еден проблем..пред година дена имав заштедено доволно пари за да си купам нов мобилен телефон, бидејки не сакав да ги потрошам моите дома. Си купив htc one x од ВИП. Телефонот значи беше предобар ама поради тоа што не го полнев со оригинален полнач ми прегоре некоја жичка. Го однесов на сервис и за скоро време ми го вратија. После точно 4 месеци од како ми го напраија телефонот телефонот целосно се расипа. Едноставно играв на него го заклучив пола минута затоа што ми викна професорката и подоцна не се запали. Го носевме на 200 сервиси и мааната неможат да му ја најдат. Е сега малце долго објаснував ама сакам да си купам ист таков пошто сум заљубена во телефонот и за него си ги купив најубавите маски, во една мобилара го има самиот телефон за 190 евра..според ваше мислење, дали мислите да го купам истиот телефон ?
Јас да го пофалам LG Optimus L3 многу си го сакам,брз е,има маски и триста чуда за него,практичен ми е и еве сега од него ви пишувам хахаха исто така да го пофалам Alcatel Idol братми го зема и мноооогу е добар,само пофални зборови за него
Зависи колку пари имаш на располагање. Но едно е факт - телефоните стареат, постојано се појавуваат нови модели на пазарот, а тој што си го купила пред година дена е дефинитивно застарен. Така да, доколку имаш средства на располагање купи си некој понов модел.
Имам пишано мислење за S Pop от. Предобро телефонче за тие пари. До сега никад ми нема закочено или блокирано ( а цело време сум на skype, viber fb itn), а и доста е брз. Батеријата трае солидно. Мој совет ти е ич да не се мислиш. Една феминkа пишала погоре дека многу кочел. Тоа зависи и од програмите што се симнуваат, вируси и сл. Јас немам такви проблем, а веке половина година го користам.
да знам дека е така, па да можеби е застарен ама не сум баш при средства многу големи бидејки сум уште во фаза на собирање на пари, знам дека е застарен бидејки е излезен оддамна али телефонот има предобар дизајни и е многу подобар од некои сегашни, затоа незнам што да правам
незнам дали прашанјево е соодветно за оваа тема, ама бидејќи не добив одговор ќе прашам и овде. Некој случајно да не знае што е ова? Освен СИМ картичка колку што видов немаше ништо друго.....
Две другарки имаат Alcatel Idol и се презадоволни мислам дека тој ти е подобар, а и другиот не ти е лош еден мој другар го има ама нз се жалеше нешто камерата не му била добра
Јас имам Alcatel Idol и можам да кажам дека е пресупер за цената.Има камера од 8 мегапиксели со блиц и предна камера.Мене и двете камери ми вадат одлични слики .Ми има паднато неколку пати и ништо не му е.Јас го имам од септември и арен си е .Јас ти го препорачувам Alcatel Idol а,со Alcatel M Pop немам искуство. Инаку не знаев каде да го поставам прашањево.Каде можам да најдам маски за Alcatel Idol низ Скопјево,со солидна цена?
Јас го имам алкател с поп и е одличен, имам многу апликации на него и не ми кочи, по цел ден ми е во раце и немам проблем со батеријата добра е. И двата телефони се добри. Алкател идол ти е појак и камерата му е одлична и предната и задната, не кочи и има добра батерија, исто е и со алкател м поп само што задната камера му е 5MP на Алкател Идол 8MP.
можам да преживеам без телефон..но сепак не за долго..иначе си имам LG Optimus L5 и си сум презадоволна од него..по цел можам да слушам музика,играм игри,или седам на фб и батеријата нема целосно да ми се потроши..
Немој барем м поп немој јас до скоро имав само пофални зборови, супер беше за супер пари, ама денес го однесов на сервис, му се расипа микрафонот, кога зборам не ме слушаат и тоа ништо му се нема десено ми нема ни паднато ни ништо така од самосебеси се расипа затоа не ти препорачувам алкател
Јас имам Алкател телефон и супер ми е,ништо не е расипано,одличен телефон е иако не верував на почетокот.Сега сакам да го земам Алкател идол,ми се допаѓа а и не е скап,не мислам да давам премногу пари за телефон. Колку што гледам,на повеќето им се допаѓа,викаат дека е супер телефон. А m pop искрено не ми се допаѓа ама сепак сакав да прашам,да видам што мислите. Благодарам на сите
женски, ми падна телефонот од 2 спрат, не е скршен само на долниот дел е малку оштетен, светка ама не се се уклучува.имам sony xperia .дали денес можам да најдам некоја отворен мобилен сервис во центар скопје? ако не денес, каде да го носам утре на сервис, ама да не е прескап, оти нели зависи услугите варираат од сервис до сервис. Ве молам за брз одговор ако некој знае, хитно ми е.
Јас го имам М-Pop и сум презадоволна од него. Практичен е,и имаш многу интересни и корисни работи на него. Камерата е супер, 5 мегапиксели. Има и предна камера(само таа е послаба) Не е спор,напротив. Алкател Ајдол го има моја колешка.Поголем е во однос на м-попот и икс-попот,ама на неа постојано и кочи. Така да,јас би ти го препорачала М-попот,од свое искуство