Јас зедов вчера Алкател Идол и слободно можам да кажам дека е одличен. Можеби си видела, на претходните страни имам пишувано за него, ако не си видела ќе повторам. Уште одма си изнасимнав игри и апликации и воопшто не кочат. Тачот работи одлично, исто како и предната и задната камера, кои вадат одлични слики. За она што го нуди можам дури да кажам и дека баш мала цена има. Да напоменам и дека звучникот мн. убаво работи, исто и при разговарање со некого звукот е чист, боите на екранот се доста солидни, а и на изглед е баш убав. Многу го изнафалив знам хихи, но засега нема никаков проблем со ништо. Топло ти го препорачувам, нема да зажалиш ако си го земеш
Samsung Galaxy of course. iPhone-от само повеќе ќе го платиш а за тие пари од Самсунг добиваш све. Има многу работи за набројување кои на Самсунгот се подобри од Ајфонот. Нека не ве лаже јаболкото.
поточно нагризано јаболко. Па и нема некоја голема разлика помеѓу нив, освен фирмата, името и цената. Се согласувам со тебе, сметам дека за таа цена, околу 30 000 ако не се лажам, ајфоните не се достојни. Сангунгот е дупло поевтин а речиси исти се по апликации. и јаас сум за самсунг.
На која планета Самсунгот е дупло поевтин? http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0 Еве го најновиот с5ката, само телефон цената на крај е 36.999 S4ката мини е 25 000, a обичниот с4 е 35 000 само телефон. И ајфонот е толку, за 500 евра имаш нов Iphone 5ka oд мобилара, не од тимобиле, они си претеруваат со цените. Проблемот со ајфоните е што освен т-мобиле немаат друг овластен дитрибутер, и затоа нашиве си маваат цени и повеќе од што се оригинално, инаку се и повтини во Грција за разлика од кај нас, а за Америка маубет да не праиме. Муабетот за парите ич не ви држи вода, ама ич, зашто цените им се тука некаде. И за перформансите, не се ништо ама ништо драстично различни. Вие сте од оние закоравените фанови на самсунг и се што не е самсунг серете, и ќе се јави некој луд епл фан ќе збори дека од ајфон нема ништо подобро да се измисли. Објетивност нула. И двете марки се солидни, имаат горе доле слични перформанси, само што разликата е во оперативниот систем. Иос е реално многу полесен за користење, америте се малку дебилнички си го направиле а нивни мозоци. Ама има проблеми со мрежата, ако не е неверлок не го фаќа на секоја мрежа, па мораш да го декодираш или да коритиш х-сим картичка и замаранции со ајтјуност се малку досадни и ако не сакаш да се замараш со тоа земи си самсунг. Мене лично ни едниот ни другит не ми вреди за тооолку многу пари, јас мојот 19 000 го платив и криво ми е зашто лупнав толку пари, али јбг. Башка како што на секоја година искача некој нов, и од двете марки, автоматски вашиот одма е застарен и му паѓа многу цена.
Ти се заебаваш со мене??? АЈ ПРОВЕРИ КОЛКУ ПАРИ КОШТААТ ТИЕ САМСУНЗИТЕ ШТО МИ ГИ НАБРОЈА ВО МОБИЛАРА!!! http://t-mobile.mk/public/detali-za-tel ... duration=2 43.450 е во T-Mobile и ќе ти работи само на тој оператор. Ајфонот од Т-Мобиле НЕ МОЖЕ да се декодира, освен со чип кој сеуште не е измислен и нема да работи на Т-Мобиле. Самсунзите и да се заклучени се декодираат за 10 евра. Позз
Ти знаеш подобро од мене што имам 2 години таков телефон и редовно што пратам Неверлок во некои наши мобилари може да го најдеш и за 30 000 денари, за 5ката зборам пред некој ден моја другарка прашуваше, и работи на сите мрежи за Македонија, а со икс сим е поефитн. 4ката ја има за 230 евра нерлок бел телефон. Во т-мобајл е најскап, дури во Сетек само телефон е 37 000 денари бел неверлок, црниот е една стотка помалку. Драстична разлика во цената не постои, не лажете тука мали деца за работи што не се разбираат. Барем имаат луѓево очи и уши, ќе прашаат во мобилари и ќе донесат одлука сигурно нема вас да ве читаат, но направивте самсунгот колку 15 000 денари? Самсунзите коштаат во мобилара за 2000 до 3000 денари поефтини од ајфоните, и 5000 стави ги, ама дупло сигурно не. ДУПЛО не е пофтин човече што ти е, самсунг 4ка не е сигурно испод 25 000 денари. Aко ајфон е 35000 иљади денари сакаш да кажеш дека самсунг с4 е точно 17 500? Тоа е дупло Марик, јас колку што знам математика а за тебе богами не знам. Преувеличување на темава до максимум има, толку сте субјективни ко пари да ви даваат да ги рекламирате некои телефони. Самсунг галакси 5с е сеуште нов, и слабо го има по побилариве, и сигурно над 35000 ќе се продава као што и ајфонот кога дојде прво го продаваа по 600 евра ама полека му паѓа цената.
ме интересира кој има искуство со Samsung Galaxy S4 Mini, дали е добар? пошто јас имам моментално Samsung Galaxy Mini ама оној првиот уште пред 2 години го купив и за никаде е! апликации на минимум за да може да работи, и пак кочи и се блокира и сам се исклучува, мрежа -послабо- не мора да сум достапна во секое време нели и ред други проблеми.... да не гњавам. За разлика од Samsung Galaxy Ѕ тогаш што беше првиот , Мини врска нема , или еве Ѕ3 на пример - што имав кратко искуство со него, ми се допага мнооогу И сеа треба да го продожувам договорот у Вип и сакам нов да си земам, па сакав Samsung Galaxy Ѕ3 пошто ми ги задоволува потребите, не мора да е последниот модел и си мислев таман ке му падне цената -последно што видов во вип беше спуштен на околу 20 000, ама сеа гледам го нема Па друга опција што ја разгледувам е Samsung Galaxy S4 Mini ама се плашам дека е Мини да не е лош како мојот што е мини. Тоа сигурно дека од мојот кој го имам е многу подобар, технологијата оди напред, ама ме интересира дали има многу разлика од Samsung Galaxy S4 или Ѕ3 ? освен што е Мини во изгледот а многу пари за телефон не ми се даваат... а и секако сум несмасна со нив, па кога ке ми падне и да се скрши... срцето има да ми се скрши
абе јас самсунг с2 мини во тимобајл требаше да си го купам. 1600 денари беше. ама за претплата зборувам. а онака да го купиш секако ќе те одерат.
Со поголеми букви да напишеше ќе ти одговореа сите,вака не. Туку ај да не редиме офтопици. Јас имам самсунг галакси с4 ама не мини,со мини немам искуство,ама искрено ако пак имам можност да избирам телефон,дефинитивно би избрала ајфон,или ако треба од поевтините лг оптимус или алкател уантач.Не земај с4ка мини,подобро некој друг земи или пак с4ката земи го,ама не мини. За олку пари,дефинитивно не вреди, а пошо гледам дека се препукувате цело време во АМЦ самсунг 4ката го има за 29.999 а по салониве е поскап,во вип беше 39.000 последно кога видов(пред 3 месеци),сега незнам како е,ама знам дека моментално во уан е околу 35-6 000.
Јас ќе ти најдам Самсунг С4 и за помала сума од 24.000 ден. Ќе го купиш??? Збориме за нов, неотворен, запечатен. Работи на сите мрежи. Ајфон 5 нов ти е негде 420-430 евра. Користен неверлок од 320 до 360 евра. С4 користен можеш да најдеш максимум до 320 евра. Јас можам до утре да ти набројувам и пишувам ако сакаш. А во Сетек цената е слично како и во операторите, зошто таму ги даваат на рати.
Не е баш ефтин, но за она што го нуди со истите опции има и поскапи.. Јас го зедов на претплата (со бизнис пакет) и ме чинеше 7500 и со месечна претплата од 2 год. за 400 ден.
Јас не сакам претплати. Мислам ти поскапо го плаќаш одошто изгледа 400*24 = 9600 + додај ги тие 7500 = 17,100 денари. А јас го имам за еве 10.000 денари нека бидат. Инаку во ред, фала ти за информациите.
Може ли да ми пишете во кои населби се наоѓаат Ледиком и Мобеликс, во близина на што, за да ги најдам полесно?
Јас пишав на претходна страна дека имам С4 мини и сум задоволна. Тој не е мини - мини, сепак екранот му е 4.3, сосема доволно, а кај с3 е 4.7 инчи. Малку е значи поголем с3, ама ете јас сакав с4 мини, иако со цените беа исти. Мислам дека се исти / слични со функциите, нема некоја разлика. А не можеш ти да го споредиш с4 мини со таму некој мини од пред 2 години, со послаб ос итн. Инаку, во Ледиком (и други мобилари) ти е с4 мини 16600, а с4 23 000. не знам какви се тие вртоглави цени погоре напишани, не дека и овие се за џабе де. Ако имаш кеш, така најдобро ќе ти се исплати, на претплата плаќаш многу повеќе. http://www.ledikom.mk/mobilen.php?id=287&cid=7 Во Амц се 19.990. http://www.amc.mk/Content.aspx?i=22&l=MK Инаку, добар си е телефон, во некои ривјуа читав дека дури кажуваат да е побрз од с4, ама немам пробано с4. Мене ми е супер телефонот, одлична камера, супер слики вади, има доволно меморија за се што ми треба и многу повеќе, брз ми е, убава големина... Јас многу сакав с4 мини токму поради големината (на дисплејот). Таман ми е за мојот вкус, земи во предвид дека женска рака е помала и неретко можам да работам само со една рака, а камоли да е поголем телефон. Што знам, јас сакам телефон да ми биде телефон, нејќам таблет. На крај краева се е до вкус.
девојки истурив масло врз телефонот и сега е црно бел екранот кажетеми што да правам цел телефон е во масло со се батерија не сакам да останам без телефон сега го купив и то скап е ова можи само мене да ми се случи арно со не го изпрзив