Може ли да ми пишете во кои населби се наоѓаат Ледиком и Мобеликс, во близина на што, за да ги најдам полесно?
ми се има случено . земи крпа и натопи ја со ракија.Не многу, колку да е влажна крпата. Ти останува уште да го стругаш стаклото (телефонот) со крпата. Мене ми успеа, пробај.
Гаранција немаш за тоа. Да си знаеш однапред. Носи го на сервис. Ќе го сменат екранот. А може и нешто друго да има дефект, како на плоча итн...А иначе што телефон е?
таа нека проба да го исчисти со ракија.Но, штом и батеријата е полиена до масло...е незнам... девојко, да не го стави да го пржиш заедно со компирите случајно? извини, ама стварно е смешно ова
пржев салам и затоа што сум многу добра готвачка се случи тоа што се случи и сега имам забрана да влегувам во кујна инаку телефонот ми е sony xperia tipo
ништо де.. се случува. проба ли да го исчистиш со ракија или влажна марамичка? ако не си, пробај па пиши што ќе бидне
Епа душо го потенцирав со поголеми букви за да ми одговорат само оние кои имаат искуство со таков телефон, оти само тоа ме интересираше ама сепак фала за советите. Се согласувам со тебе, ми се допага тоа што го кажуваш А и мене ми смета многу голем дисплеј. А стварно сега гледам дека се поевтини ваму .... А во Вип е 24.999, ама со мојата претплата “ке ми го симнат“ на околу 16 000 мисалм, така да исто ке му се фати Инаку сега најдов на нет, ги споредив Ѕ3 и Ѕ4 мини и гледам дека се тука некаде со карактеристиките, и имаат иста камера мислам дека има тоа што мене би ме задоволило... А ги споредив и со мојот ... SAMSUNG GALAXY MINI S 5570 = 160 MB storage, 384 MB RAM, SAMSUNG GALAXY S4 MINI = Internal memory: 8 GB, 1.5 GB RAM за другите перформанси да не зборам
Dea8, јас сум тазе корисник на S3 mini и сега за сега сум презадоволна Одличен телефон за достапна цена. Воопшто не кочи и функционира совршено, и камерата е солидна. Ептен е по мој вкус значи, и големината на дисплејот ми е таман, и дизајнот. Јас не би дала толку пари за телефон за S4-ката, но твој избор. S3 mini дефинитивно го препорачувам
Благодарам за препораката Ann.94. Баш тие карактеристики ми беа најбитни! Искрено и за тој размислував, баш само оти не ми се дават толку пари за телефон Еве сега баш му ги гледав спецификациите и го споредував со Ѕ4 мини... http://www.gsmarena.com/compare.php3?id ... hone2=5375 не е лош, а можам да го земам за (одприлика) 9.000, Спојлер не знам точно со мојата претплата како ке биде пошто ке ја продолжувам старата а на нивната веб страна ги има цените само со новите претплати. хмммм...
Нема проблем А S4-ката mini сигурно си е доста подобар, се гледа и по цената дупло е поскап, меѓутоа ти реши си дали ти се дава толку. За мене на пример S3 mini има се што ми е потребно. Инаку од Т мобајл го земав на доверба 24 (и јас имам стара тарифа, онаа промо 499 од прошлата зима, ама тогаш не земав телефон, ми рекоа кога сакам можам па сега дури земав) и чини 7990 ама плус дека имавме поени од мој клуб што ги искористивме во цената, одприлика 6500 ме фати. Види некоја тарифа сегашна што е со иста претплата како твојата и види цена на телефонот со неа, иста цена се фаќа. И многу важно, кога ќе го купуваш телефонот ако сакаш да си ја задржиш старата тарифа обавезно нагласи им го тоа.
Ми треба информација, дали кај нас има воопшто футроли или као и да се викаат, од овој вид, конкретно за Samsung Galaxy Chat, ми треба? На Бит Пазар неам заприметено нешто пософистицирано, се е со светки и тракатанци на нив излепено, што мене лично не ми се ниту малку допаѓа. Или пак ако знаете место на Бит Пазар каде што има понормални вакви, упатете ме слободно. Значи нешто поедноставно, у неутрална боја (црна/бела).
^^^ Анабелке овие футроли јас ги викам флип-флап, и имам купено од онаа индиската продавничка во ГТЦ спроти Соравија што е, од страната на Рамстор. Еднобојна и дискретна, мислам 200-300 беше, така нешто, само што не ми е како на сликава туку како книга се отвара. Инаку јас имам за Iphone, провери си дали има и за други модели.
Девојки го користел ли некој HTC Desire 500? Скоро решена сум да го купам според тоа што го прочитав, ми се допаѓа и дизајнот, ама сепак ме интересира искуство од некој што го користел. Инаку овој е.
Девојки си земат Sony xperia E. Ја испразнив батеријата целосно во 19:00 часот прееска го ставив телефонот на полнач и сега веќе гледам дека е полна. Да го оставам да се полни 12 часа како што викаат некои,или да го извадам од полнач? Фала однапред.
Првите 2-3 полнења на телефонот препорачливо е да се полни 10-12h заради заштита на батеријата. А после тоа откако ќе се наполни 100 % батеријата вади го од полнач.
Ќе може малце повеќе да ми објасниш околу таа заштита. Купив нов телефон ама незнам како да го полнам.