Јас пред една недела си купив Samsung Galaxy Ace, сега за сега сум презадоволна па за понатаму ќе видиме Да прашам, како се слика screen-от?
Здравоо феминки Ќе ве замолам доколку некој знае како да го скенирам самсунг галакси с3 за да проверам дали имам некој вирус?
И сега шо е работата всушност, стварно за iPhone 5S се жалат само тие од Т-Мobile ? Значи, Neverlock си е Neverlock.
треба да имаш антивирус за да може да го скенираш. Ако немаш оди во плеј стор и симни Avg antivirus , кога ќе го симнеш и отвориш понатаму се ти пишува.
Искуства со Samsung Galaxy S4? И дали некој има купено телефон од Ледиком? Ми имаа кажано дека на старо се таму телефоните ама не знам колку е веродостојна оваа информација
Зет ми го има доста време скоро пола година и не да е незадоволен, толку е разочаран и се кае што дал толку пари за него. Му кочи,ако е под 40% батерија камерата не му се уклучува, некојпати додека слика блицот се заборава уклучен си стои. Многу повеќе работи се случуваат што не ми текнува а ми ги има кажано,телофонот е оригинал. И да и јас имам слушнато дека менувале маски на стари телефони и ги препродавале. Сепак што е за нив една маска по набавна цена? И плус на другар ајфон 5 му го дале во кесе без кутија. Неможеш да кажеш кога незнаеш но сепак чим се збори има нешто.
Не сум ги имала ни двата,ама од моја гледна точка,Ајфонот. Од причина што IOS7 е подобар оперативен систем од Андроид.Ајфонот е помал и попрактичен за во џеб,па и за други места,за разлика од Самсунгот кој е голем и гломазен. Со перформансите се тука некаде. И двата телефони се одлични,ама според мене подобар избор ќе направиш ако го земеш Ајфонот.
тешко би ми било без телефон :/ си имам на тач LG добар малку проблемсо меморијата ми е азната се ми се симнува во телефон не во мемориска а меморијата на телефонот е ептен мала и неможам мн работи да симувам :Р
А зет ти од Ледиком ли го зема телефонот? Јас сакав од Т-мобиле ама разликата помеѓу цената таму и во Ледиком е огромна. Па некако ме привлече дека е поефтин ама се изнаслушав лоши работи за Ледиком. Сепак, да не се зезнам... подобро си викам да си присоберам пари па од Т-мобиле или Нептун да го земам него ли вака да се зезнам...
Не не, него му го донесоа од италија. Иначе за ледиком мн лоши работи се слушаат. Ако можеш земи си го од нептун на рати, мислам дека може распрашај се. а ако го земеш на претплата од т-мобиле ќе го платиш еднаш и уште половина. Така да тесен е изборот, сепак јас би те советувала да си идеш од мобеликс да си земеш телефонче пошо таму пред тебе го отвара и му кине налепници на кутијата. Или пак немораш да земеш иди распрашај се се надевам помогнав
Се држи исто времено на копчето за заклучување и за намалување,или на тоа што е копчето што го има за исклучување се (мислам за тоа меин копче де,едното копче,што го има ) и на тоа за заклучување
HTC desire 700 (dual sim) или Samsung galaxy S3 i9300 ? Тука некаде се и со цените околу 16-17.000... Или ај вака, дајте предлог за мобилен макс до 18.000? Нека биде било што освен iPhone. Не знам зошто ама ете од муабети сум начула дека подобар е Андроидот како о.с. ...
Јас имам alcatel one touch 985 bas ist vakov и морам да признам дека сум ептен задоволна од ова телефонче
Јас имам HTC Desire X,бел,како на сликава,со маска хаха затоа што е многу тенок и мислам дека одма ке се изгребе да не беше маската хаха. И сакам да ве прашам,што е разликата во iPhone 4 и 4s,и која е цената на двата?