Имам користено ЛГ, Моторола, Сони Ериксон, и најзадоволна сум од последниот. Моментално имам Нокиа, кога го купував ми препорачаа Нокиа и мислам дека не погрешив...
Не сум зависна од телефонот...Еве го три дена од кога се испразни батеријата уште го немам ставено на полнач...Инаку на почетокот, кога ќе го купам, го полнам 3 пати на ден, и тоа трае отприлика месец-два, додека да ги истражам сите опции, и после ми здосадува и почнува, нормално, да паѓа по разни тврди површини Моментално го имам овој телефон: а најомилен ми беше Samsung U100...Eдноставно го обожавав, штета што бев идиот па си го пукнав екранот Еве слика:
Имам користено и нокиа и моторола и сони ериксон и самсунг иии..... Моментално имам Нокиа е71 а ке го менувам најверојатно за некој Белкбери
Моментално ги имам овие телефончиња. Не се разбирам во техника, ама првиот со touch screen досега е најдобар, го топам од зборење, батеријата трае и по цела недела,камера 3.2 мегапиксели,супер фотки, менито е супер, има опција и на мак.јазик,меморијата е мала (за сликање и снимање) ама се додава мемориска картичка ( од 2 гига е 380 ден.) Вториот sonny ericson-малечок е ,ама тежок, лесно мени има, камерата е слаба не ми се допаѓа, не вади убави слики, ама дека е на лизгање го обожавам, и третиот-истo samsung,3.0 мph, мало е екранчето, копчињата уште помали, се нервирам кога пишувам на пр.порака, ама затоа менито е супер, лесен е за работа, има опција за меморичка и батеријата трае 4-5 дена. Претходно имав Нокиа 7210,стар модел ама многу си го сакав, ми се расипа местото каде што се полни батеријата и не може да се поправи..Да зависна сум од телефони...
Вашиот мобилен телефон Јас го користам често ,најчесто со дечко ми ,мајка ми ,сестра ми и најдобрата другарка си збориме без пари,па си спијам на него.Сметка не ми стига висока,на едниот сум на припејд-на космофон,а на другиот вип,на претплата и ми стига 250ден сметка .значи моите зборат кон мене бесплатни минути,па нонстоп им титкам .Инаку имам 2телефони- Спојлер нокиа 7373-за вип бројот и е71за космофон за овој последниот доста време пинкав,многу го сакав и го обожавам,си најдов најнови рингтонови па обожавам кога ми звонат .ама сега нешто на ум ми е за блекбери,ама незнам дали да си ја продадам нокиата .че размислам,еве ако некоја има блекбери нека ми каже како оди со цени и како е задоволна
Вашиот мобилен телефон јас имам два и двата се од марката сони ериксон со камери од два мп едниот ми е к550и другиот незнам која марка беше мислам дека ми се добри сега за сега
Вашиот мобилен телефон Еве го мојот: Ваков е бел,убав ми е женствен,на touch. Добар е,има камера 3.2 мегапиксели,има меморија доста,и за мемориска картица има слот. Само ме нервира што на позадина кога ќе ставиш една слика ти се развлекува и не можеш да погодиш големината на сликата. Ама добар е вака не е лош.
Вашиот мобилен телефон Jaс не го користам многу мобилниот.на пост пејд сум на т-мобиле,на relax и ни стига околу 1800ден сметка.најчесто пораки пишувам ,ретко звонам имам ваков и не ми е нешто по ќеф особено откако го направија на претплата за 0 ден,сите ги носат и машки и женски и на тач што е ми мина меракот, и сега сакам обичен телефон со копчиња,ама да има и wifi и блиц со убава камера ама тешко ќе почекам за таков
Вашиот мобилен телефон Kолку го користам? Hајчесто по потреба,не висам на мобилен,онака колку да имам да ми се јават да се јавам Hајмногу зборувам со мажот ми,и некои другарки Cакам да има убава камера,сликите да се 10ка Спојлер ваков е
Ако направам ретроспектива наназад што се сум користела...Сименс, Алкател, Сони Ериксон, Самсунг и на крај повторно завршив со мојата љубов Алкател ОТ-806. Откако сум на Вип се убивам од зборење, а СМС дали 10 во месецот испраќам. Освен за разоговори го користам и wi-fi-от, плеерот и интернет апликациите. Зависна сум од мобилниот! Спојлер
Имам ЛГ на допир... ужасно нешто е дефинитивно! сакам нов,кај ми беше паметот кога го купував.НЕМА ПОВЕЌЕ ТЕЛЕФОНИ НА ДОПИР ДА КУПУВАМ!!!!!!!! Иначе не сум зависна од телефонот скоро и не го употребувам
Имам Sony Ericsson K770i или да кажам имав?? пошто сега не можам да си го најдам телефонот го изгубив изгледа, хаха ина4е супер си е телефон4ето
Моите ми ветија дека за роденден (следниот месец) ќе го добијам овој Magic Touch има, што значи дека реагира само на допир од прсти. Wi-Fi има, 3 мегапикселна камера, радио и се друго што ми треба. Башка го даваат со повеќе маски од кои едната е розева
Да ве прашам дали некој го користел овој телефон: Другарка ми сака да го купи,па ме интересира каков е,дали брзо се расипува затоа што таа купи летово LG k500 cookie на тач и одма и се расипа. А иначе за изгледот,преубав и преженствен е!
Моја другарка го користи уште од летото, презадоволна е, а батерија нејќеш да знаеш колку и држи! По две недели!
Ја го имам од скоро време си го добив на поклон преубав е, и многу ми се свиѓа , батеријата ми држи дури и по недела а цело време ми е во раце
Ординари јас слушнав (или намерно така ми рече, типката требаше да купува, ден пред да купи ееј многу ми е убав, сакам да го купам и другиот ден купила друг и ми вика ее тој не го купив ми рекоа дека се жалеле од него) тие што го користеле “децата“ ич не биле задоволни од него, се чудам само кога изелзе кога го купија, мислам дека тазе е донесен кај нас на нашиов пазар. Ќе купувам телефон ( продолжувам договор и имам можност да земам оти да не ) баш имам постирано поназад неколку страници ама никој ништо не ми одговори Има некоја феминка ваков телефон или познава некој што има, да ни се пофали, каже, критики/ пофалби за него ? Спојлер Ептен сум загреана за него, ама можам да се одлучам и за друг