Ццц... Марик, се гледа дека никогаш не си имал iPhone. Првите две реченици од болдот: Да, сè може од горенаведеното преку iTunes. Какви црни броеви, какви бакрачи... Броевите и сите контакти си се зачувуваат во iCloud (виртуелен сајбер простор) и колку сакаш iPhone телефони смени, тие отпосле автоматски си се синхронизираат. Објасни ми го и ова со акаунт на Маркетот, на кој Маркет мислиш, на App Store? Е, шо е тука комплицирано? Си креираш акаунт и толку. И нема тука ништо сложено, си симнуваш кои апликации го сакаш - тие. Абе, со сета почит, iPhone не е за луѓе шо не знаат како да го користат. Прашај шо не ти е јасно, не само критикувај. Прочитај и на интернет. А, ако другар или некој друг ти има кажано колку се тешки iPhone-ите за користење, тогаш тие си немале појма. Штета што толку совршен телефон како iPhone-от луѓето не знаат да го користат. И тие што ти лајкнале на постот, нека се јават на рапорт дали некогаш користеле iPhone како би ја оправдале поддршката кон тебе.
Јас привремено имам користено iPhone 4 и можам да кажам дека воопшто не сум задоволна од принципот на работа.За комплицираност е многу покомплициран од самсунг,а што се однесува до акаунтот на iTunes исто имав безброј проблеми,затоа што не можев никако ниту да креирам акаунт,па ниту да се логирам на истиот. Андроидот каде каде е полесен за работа и на поедноставен начин се најавуваш на app store,како и превземањето на разни апликации. Броевите не ми се зачувуваа на картица,туку морав да ги копирам на самиот телефон. Ајфонот како телефон можеби има убав,елегантен дизајн,но е многу покомплициран.
http://www.one.com.mk/mobilni_privatni/ ... .html#null Што ке кажете за телефонов? Добар изгледа амаа сепак да слушнам мислење
Oдамна мина времето откако јаболкото правеше саглам работи.Првиот мој компјутер беше Meкинтош.Која атракција и радост беше тоа Од тогаш па се до пред некаде 1 година немав користено Ејпл уред. КУпив Таблет ајпад 2. Фина изработка и ненормално добра батерија,но искрено за време од 3 месеци колку што го имав јас не дознав како да испратам слика од компјутер во таблет.синхронизации,ај клауди и уште 100 зафрканции и што се не уклучував. Огромната мана ја дознав некаде после 1 месец од кога го купив.Седиме со пријатели и направивме неколку слики со камерата.И нели како што е редот викам ајде да ти ги пратам сликите преку блутут.Стискам сенд нејќе,стискам повторно сенд,пак нејќе Пријателиве почнаа да се Толку добриот ајпад да не сака да прати слика, Подоцна дојдов дома и видов на нет,дека блутут не им работел со други уреди туку само со ејпл уреди Друга мана е што никогаш не успеав да ги пратам сликите директно од таблетот на фејсбук порака на пријател.Мораше да влезам во ај клауд,па да ги префрлам сликите во компјутер,па дури одтаму да му ги праќам него. Значи две огромни мани.Да не можеш да споделиш слика со таблет од преку 400 евра.и да губам саат време со синхронизаци со и-клоуд за мене е тотално луда работа.Убава работа беше ајпадот,ама за тие 3 месеци повеќе нервози имав отколку желба. Ајфон пак имам земено на зајмица на неколку дена користење.Според мене да се даваат толку пари за таков телефон со екран како дигитронче,каде ни икони не се гледаат како што треба ниту ништо,при телефони како Лг Г2,Сони З,Самсунг Галакси С,ХТЦ ми е малку нелогично. Така да Ајфон би го избегавал во секој случај додека не си го зголеми екранот и додека не ги среди овие работи со блутут и споделување.Но веројатно до тогаш овие горниве пак ќе бидат некој чекор понапред. Кога би одел на пример денес да купувам телефон ајфон би бил сигурно мојот 10 избор т.е пред него би избрал најмалку 9 други телефони
Лично сум имал Ајфон 5. И го фрлив после месец дена користење. Скоро сите брендови на телефони сум ги имал, освен Алкател. А извини како праќаш преку блутут на другиве телефони? NFC немаат ајфоните. Што јас го користам секојдневно и многу е корисно и добро. Јас цело време да го поврзувам телефонот со компјутер за една песна не ми се исплати бе. Губам и време и нерви. Друга работа, дизајнот на 5-ката и 5Ѕ-от е жива мизерија. Се гребе ненормално многу. Што кај другите телефони не е случај. Премногу се нежни, ако малку го удриш или ти падне отиде јабана.
^^ Јао, баш си фраер. Си фрлил iPhone 5 после месец дена користење. Неврмајнд, значи вака. Apple се фирма која си работи засебно и си оди во прилог сама на себе, така да препраќање на такви записи си оди исклучиво преку апликации пр. Bump или iMessage. Кај мене дома сите се со iPhone, башка ако ми е истрошен мене интернетот или на некој друг лесно може да се преземе и да се користи. И зошто викаш дека тешко се праќало било шо, посебно па сега со Viber, крај краева во порака на ФБ ќе ти пуштам шо ти треба. Шо е страшно ? А, тоа оти се гребе, можно е ама ако работиш на облакодер и ти паднал одозгора? Или со чекан си го мавал ? Јас го имам телефонот од 12.12.2012 и сум најтрапавата личност на светот, телефонот ми нема ниту една грепка. Немам ниту заштитна фолија ставено. И немојте ве молам за дизајнот, пресовршени се. Лично јас ништо не би сменила кај iPhone-ите. Мене ми се смешни Самсунзите толкави, цели таблети. Значи, прашање на вкус. И вие мажите како ги носите, почнавте и со ташнички веќе ? P.S Скоро секоја нова апликација прво се развива за iOS. Андроид маркет и Гоогле плеј треба уште многу леб да јадат за да го стигнат App Store на iOS.
Дизајнот да,кај ајфоните ми е убав,елегантен и компактен,но поради неколкуте негативности не го користам. Се согласувам за самсунзите дека се со преголеми димензии како на таблет,но се со поедноставен оперативен систем на работа. Сепак е прашање на личен вкус и избор.
Леле значи до кај стигнавте со муабетиве за ајфонот. Прво еве искуство од некој што имал ајфон 5 и галакси с4, самсунг г.... да јаде До сега сум имала ајфон 3, 4, 4с и 5 и мислам дека тројката е подобар од самсунгов. Жими се ке сликам иста слика со ајфон и галакси да видите колку е лоша камерата на самсунгот, за задната ај некако ама предната е мизерија. Башка андроидот има премногу багови што на ајфон никогаш ми се немаат случено. За гребењее ич муабет не праиме, ајфонот 6 месеци ми беше без маска и немаше малтене ниедна гребаница (а не сум тип што чува телефони или било што друго) самсунгот од 5 месеци 4 имаше фолија на екранот и маска и изгледа очајно. Андроидот на самсунг посебно изгледа многу ефтино. Ајфонот изгледа приота едно 15 пати подобро него било кој друг телефон и искрено едвај чекам да го сменам самсунгов и апсолутно нема да ми падне на памет да земам било каков друг телефон, никогаш. Не знам колку да вложат во другите телефони ајфон секогаш ќе биде попрефинет и поубав.
Се согласувам дека на самсунгот малку им е лош квалитетот.Исто и дисплејот барем според мене им е многу нереален односно со јак приказ на бои кои повеќе изгледаат и вештачки.Мое мислење е дека сето тоа е за да му влезе на прва во око на човек и да го купи.Сепак самсунг цели на најголема продажба нели. Но кај LG G2 тоа апсолутно не е така.Она што фали кај самсунг с4(5кава уште не сум имал прилика да ја видам) а тоа е дисплеј со реалистични бои и камера го има кај LG-то.Да не зборам за 21мега пикселната камера на Сони.Едноставно ајфон ми се чини дека и во наредните 5 години нема да го достигне тоа ниво на камера.Факт е дека јаболкото е доста назад. Кога денес би купувал производ од ејпл би било тоа можеби само Ipad,иако пак ќе кажам со 50% сомневање. Но HTC One,Сони Z или LG G2(oсобено овој)се без конкуренција.Спореди еден до друг и ќе ја видиш разликата.Ма ни К од камера не е ајфонот кога пред себе се има LG G2.
Океј не можам да зборам за LG и останатите пошто не сум ги користела али дефинитивно мене ми е некако ајфонот ептен за срце прираснат Значи мислам дека ретко кој сменил толку различни ајфони како мене Прво 3 па земавме и јас и брат ми 4с, ми издржа цели 6 месеци и го продадов за да купам самсунг нексус кој беше сменет после неполн месец за ајфон 4, четворката издржа добри 2 месеци и брат ми кога го смени 4с-от јас си го продадов 4 и го земав неговиот 4с после некои 3-4 месеци купив петка и го користев некои 6 месеци додека не го сменив за самсунг. И јавно некого замолувам да ми врзе шамар ради одлукава Сега само чекам да дојдам до некоја паричка и да го продадам самсунгов и да земам 5 или 5с. Според мене мислам дека никој нема да направи толку убав, елегантен телефон со толку едноставно мени просто секој може да се снајде на него некако бре гламурозен ми е телефонот свети цел.
си терам со овој самсунгот мој веќе три години сме без врска селфи со него можи 2 пати така нешто ќе да се има манато иначе за нов не ми текнува ама си сакам...голем така не е моби ама е хипермоби-таблетче сега ќе си речите ауу шо сакала госпоѓицата.... јас сум како она:неке птице никад не полете
Се чудам што ќе кажеш во Септември кога ќе излезе Ајфон 6-ката. Јас зборам за без апликации да се праќа. Што ако немаш ви-фи или 3Г? Како ќе пратиш тогаш, а? Знаеш ли дека во Ајфонот внатре нема НИТУ еден дел што е на Епл. До пред 1-2 години користеа дисплеј на Самсунг. Камерата им е на Сони. И други делови кои не ми текнуваат им се од Шарп, Панасоник итн... Јас телефон кога зимам, го зимам за сурфање, снимање, сликање, играње итн....а јас на тој 4.0. инчен дисплеј не можам ни да сурфам, ни да играм ни ништо. И за што ќе ми е толку мал дисплеј... А за гребењето, еве спореди го Самсунг со Епл и ќе видиш кој повеќе се гребе. Ако сакаш ќе ги земам и двата и ќе ги гребам од подот на терата и ќе видиш кој повеќе ќе се изгребе. Тоа и баба ми го знае дека алуминиумот се гребе повеќе од пластиката.
Од кај знаеш па ти каков ќе биде 6-ката у Септември ? Инаку, па кој нормален има толку скап и убав телефон а нема Wi-Fi или 3G на него ?! Бог да чува муабетов. Ако ти не можеш да видиш, јас кажав прашање на вкус, мене ми е идеален. Девојчево горе кажа оти ги имала користено и двата и дека Сансунгот за кратко бил цел со гребаници. Милион пати ќе повторам оти мојот е скоро година ипол, една грепка нема. Ме мрзи веќе да објаснувам. Ако си хејтер на Apple не значи дека другиве се подобри.
Е добро де, ќе идеш на планина негде и ќе сликаш и сакаш одма сликата да ја пратиш на другарка ти на ФБ или да ја споделиш со светот и нема 3Г нема ви-фи. А сакаш да ја пратиш одма сликата на другарка ти и само преку НФЦ можеш. А тоа ајфоните го немаат. Што им е најголема грешка. Во најава се дека ќе прават нешто слично ко НФЦ ама ќе видиме во новиот дали ќе има. А кога сме кај новиот, да, ќе биде со поголем екран. А од кај знам, читам. И не сум хејтер, реалист сум.
Што читаш ти се молам, сè е шпекулација само. И јас читам, па никогаш крајниот производ не го погодиле предвреме како ќе изгледа.
Браво бе, конечно некој да свати Просто бре македонче не може да не биде љубоморно и да не плука не може никако. Senza молим те девојчето чита значи за неа ајфон петката е таков како што го најавуваа. Мислењето не ми беше напишано да се фалам, да сакав да се фалам верувај многу други мислења ке читаше по форумов а не во темава како се фалам за мобилни телефони пошто не се мери богатството во тоа каков телефон имаш Чисто е лично искуство од некој што сменил доста ајфони и како тие му се покажале!!
Телефонот е Андроид, односно базиран на Linux што значи дека во суштина нема вируси меѓутоа добро си разбрала доколку инсталираш некој антивирус повише ќе ти го кочи телефонот, ти преорачувам да направиш еден фабрички ресет зачувајќи ги сликите внатре и доколку ти е синхронизиран е-маилот на gmail со контактите за кога ќе се логираш пак на gmail автоматски да ти се враќаат тогаш може да ти се убрза телефонот 70% доколку не е чепнат софтверот односно само-флешуван или root-иран поз