Незнам дали има тема за проблеми со мобилните па затоа тука пишам..Батеријата ми работеше нормално до денес и наднаш почна да не се полни телефонот цело време е исклучен, незнам што да му правам ?? Телефонот е Samsung galaxy pocket..
Да не е кабелот скинат?Пробај ако имаш друг телефон што фаќа тој кабел.. дали се полни Може и до адаптерот да е..
Дечки, имам дома фазла телефон Nokia Lumia 625 екстра сочуван, црн е по боја. Каде би можела да го продадам ? Кажете ми некое сигурно место, зашто се јавив на две-три места и ми кажаа не откупуваме такви телефони.
Што требаше да содржи онаа пораката на One. што се испраќа на 142142 за проверка на интернет сообраќај и дали треба да се инсталира антивирус на нов телефон?
^ Јас за антивирусните програми за смартфониве сум служнала дека не било баш убаво да ги имаш инсталирано,бидејќи можеле да направат повеќе проблеми и телефоните да кочат. Незнам дали е точно така ми кажале.Инаку јас кај мојот телефон забележав дека стварно е така имав инсталирано АВГ и телефонот ненормално многу ми кочеше од ко го избришав се нормално си работеше.
Јас искрено прв пат слушам за ова..ама не викам дека не е можно..јас кога го купив телефонот некое време немав антивирус и се нормално ми работеше..од кога инсталирав почна да ми кочи..сеуште имам антивирус и ми кочи телефонот..ќе видам ќе го избришам антивирусот и ако не кочи нема повеќе да инсталирам..Ти благодарам
Дечки да ве прашам нешто. Имам телефон што собира две сим-картички. Е сега вториот слот за сим картичка е многу мал простор. За тој слот има посебни картички или како?
Има и микро има и нано картички. Зависи каква ти треба. Ќе одиш таму од кадешто ти е купено бројчето и ќе си земеш ново. Во T-Mobile пр. се доплаќа околу 140 ден. за претходно земен број.
Имам Галакси с4...и што стоел на масата, а сестрами си ставал лак за коса на косата и во ,,летот,, што се распрскувал лакот имам на екранот како капкички,а имам заштитна волија...дали има нешто опасно или не?
Не собира две сим-картички, едната е сим-картичка другата е мемори-картичка, значи мемори картичката е телефонската меморија, а сим картичката е твојот број т.е: t-mobile, one, vip, itn.