Најдобро би било да ја извадиш фолијата и да видиш.Па после нова Вака ако го чуваш да не биде полошо?Да не ти пробие,што знам..
Сигурно собира 2 сим? Ако е мал просторот има сим картички што се сечат и тие се обичните само се сечат и ова се добива како на сликата.А може да е и за мемориска.Треба да пишува на слотот
Што мислите за телефоните од продавицата An hoch? Квалитетни се,се мислам дали да си купам ама не знам дали се квлитетни секое мислење е добредојдено
како сте задоволни од ледиком? Сестра ми треба да купи нов галакси с4 од ледиком дали сте задоволни или не?
Да не знае некој како да му направам upload на Андроид маркетот,т.е од Андроид маркет во Гугл плеј на Sony Ericsson Xperia X8? Читав на интернет дека може и ги пробав сите начини ама не успева.
има ли некој скоро шо обновил договор на вип? ја имав некои проблеми ама се среди се и треба да идам деновиве да го обновам договорот. Е сеа имам една недоумница.... сакам да се стаам на L тарифата пошо телефонот е без пари така, ама ме буни дали L во вип е 599 или 799?
До тие што ги носеле телефоните под гаранција во Т-мобиле на поправка: После колку дена ви го вратија телефонот? Дали кога ви го вратија беше сосема поправен и повеќе не правеше проблеми како порано?
^^ Телефонот никој не може однапред да ти каже за колку време ќе ти биде готов. Посебно не луѓето што работат на шалтер (?). Најпрво ќе ти направат приемница и ќе го предадат на сервис, па кога ќе дојде на ред по неколку дена телефонски или по SMS ќе те известат за дијагностиката. Ќе ти кажат шо му е, колку пари ќе те кошта (ова зависно од гаранцијата) и за колку време би бил готов. Има случаи каде телефоните се препраќаат во странство. За второто прашање не можам да ти одговорам, пак ќе кажам зависи од проблемот.
Не беше тоа поентата на прашањето.Сакав да прашам некој кој што го има однесено на сервис за колку време им го вратиле,чисто од искуство.
^^ Јас те разбрав, ти мене не ме разбра. Секој проблем е различен и никој не може да ти ја каже "гужвата" во сервис. Значи денес може имаат 15 тел., задутре само 2. А, телефонот ќе ти биде поправен т.е дијагностициран кога ќе дојде на ред.
луѓе дали има некој информација или знае дали ако го продолжам сега договорот ви VIP можам да го земам тој тел HTC што го нудат со доплата од 2000 ден? или тоа важи само за нови регистрирани корисници?
Ау не знам. Го гледав денес во еден од салоните на T-Mobile (во Беверли) ама не знаев дека има повеќе од тој модел, еве сега барам на страната, не можам да го најдам.