Ќе земам телефон, и сакам да земам Самсунг но ми имаат кажано дека кочеле. Вие што мислите?Мене најмногу ме нервира тоа кочење, сакам брз телефон.
Дојде време и јас да го сменам мојот старомоден телефон со овој...дури и ја имам истата заштита,маска или како и да се вика ова розевото Самсунг телефоните се одлични јас имав пред некоја година еден не беше смартфон,но од самсунг беше...и не кочеше ми паѓаше,го малтретирав телефонот,со разни апликации симнати од интернет па секојдневно користење...и никогаш не ми кочеше... А и овие моите по дома што имаат самсунг не се жалеле дека им кочи
Сестра ми има Samsung Galaxy Trend и не е многу задоволна ептен кочи Го форматирав телефонот и пак е исто (Зборувам само за Samsung Galaxy Trend, не знам како е со другите). Ако мислиш на Samsung Galaxy Young имаш во Вип и не е многу скап можеш да го земеш и за 0 денари (зависно од претплатата). http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0 Сакам да прашам дали има некој кој користи Alcatel Idol 2, ако има колку сте задоволни од телефонот
јас имам huawei имам одлично искуство,не е спор,не кочи интернетот,вади убави слики,издржлив е (испробано леташе пет метра на улица и не се ни отвори хаха ) па нз друго што да ти кажам,ако те интересира нешто,прашај.
Хахаха јас имав huawei и ич не ми се допадна значи кочеше,се гасеше и слично ама изгледа само мојов бил..Сепак фала ти значи пак да земам huawei
Јас имам ваков и се е супер, не ми кочи, интернетот е брз и вади преубав слики и камерата му е добра. Многу пати ми паднал, еднаш да го фрлам на кревет летна и бум доле падна ама ништо не му беше Ама ете го сега е малце пукнат затоа што си стоев во школо со него во раце и еден другар ја бутна другарка ми во мене и телефонот падна ама за среќа сеуште работи Ми падна и на улица и кај тоа за пуштање звук се скрши малце ама ништо не му е Сега нормално дека ако вака ти падне како мене можно е да се испокрши ама мене ми е супер од внатре
незнаев каде да пишам па затоа пишувам тука имам huawei y 300 сакам да го продадам за да си земам нов телефон телефонот ми е купен од т-мобиле во април 2014, работи на сите сим картички, зачуван, брз е, камерата е одлична. го продавам за 5500, цената не е фиксна. + jekod маска, слушалки и полнач. ако има некоја заинтересирана нека ми пише во лп итно ми е.
Имам можност да земам телефон ако го продолжам договорот и сакам еден од овие два да одберам ама незнам кој е подобар. Може ли да ми кажете кој е подобар според карактеристикиве? http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0 или http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0
Го има ли некој овој телефон ,како сте задоволни ?Би сакала да слушнам повеќе мислења доколку е можно
Едно прашање доколку некоја феминка знае да ми одговори.Децава имаат Самсунг Галакси Јанг.Проблемот кај двата телефона е што доколку батеријата се испразни до крај,телефоните се како мртви коњи.Нема шанси да ги вклучиш да се полнат,и морам секогаш да ја менувам батеријата во сервис.Значи секогаш е така не знам до што е .Дали е можеби до квалитетот на батеријата?Искуство и совет или да ги згазам под нозете!
^ Така немаш сметка со стално менување на батеријата во сервис. Подобро нов телефон отколку нови батерии. Ви принцип галакси јанг имаат слаб софтвер и процесор и најверојатно е фабричка мана со батеријата.
А пробавте да го оставите телефоните на полнач извесно време за да се наполни батеријата, па потоа да се обидете со вклучување? Јас со мојот стар телефон(послаб) имам такво искуство, ако се исклучеше телефон поради празна батерија јас го ставав на полнач ама тој никаков знак на живот не даваше. Потоа го оставав едно саат време на полнач за да се надополни батеријата, без разлика што не покажуваше да се полни и потоа можеше да се вклучи. Не ми е верно и двата телефона да имаат грешка. Пробајте овака, ако не е до тоа тогаш најдобро во канта, ама навистина не мислам дека и кај двата телефони може да е ист проблем
Ако веруваш цела ноќ знаат да предремат на полнач и пак исто.Мене ми се гледа како некоја фабричка грешка да имаат.
Гледав на интернет за Самсунг Галакси 3/4/5, има Корејски и оригинален, која е разликата помеѓу двата?