Дечки џабест сум, си зедов картичка 100 денари за да ставам кредит, го ставив кредитов се успешно...имате 100 денари на вашата сметка бла блаа..и си реков по 30тина минути да проверам состојба и гледам 51 денар само а ни се јавив некаде ни уклучив нешто, и минатиот пат така ми направи каде ми одат париве од сметка незнам стварно се изнервирав, да не знае некој што е проблемот?
Дали некој знае дали има телефон со предна камера но да е по евтин до кај 5,6 илјади,по можност на Оне да е
Јас го имам, задоволна сум, предната камера е послаба, но задната вади одлични слики. Инаку има супер перфоманси и на изглед е многу сличен на самсунг с3 мини.
Срцка јас го имам и сум презадоволна. Батеријата трае, одлични слики вади со 5мп камера, предната е VGA ама е многу чиста и убави слики исто вади, има голема меморија плус можеш мемориска да си ставиш. Само да ти кажам дека работи со micro- сим картичка. Ако го сакаш истиот број, би требало да ја сечеш или па нов број да си земеш. А и на изглед е преубав, јас сум заљубена во него, не се двојам
Јас наместо сони икспериа на крај купив Alcatel one touch pop c3 Криво ми е што нема предна камера, другото е инаку во ред. Не ми кочи, како што кажуваа некои други дека алкател телефоните биле слаби и кочеле, го имам еден месец без два дена, игри си симнав си ги играм супер ми е, тачот му е добар, батеријата издржува до 2 дена 2 ипол максимум, не секоја вечер, ама секоја втора го пунам. Искрено за тие пари што го земав добар е, во брзање бев не му видов ни карактеристики ни ништо, така да во ред е.
Ај помош Телефонов во последно време многу почна да кочи, скроз е празен а вика нема меморија Ќе симнував антивирусна и оп - пишува нема меморија Ај кажете некое решение освен преинсталирање Иначе телефонот е Sony Xperia E