Телефонот не сака да чита никаква сим картичка. Дали некој знае што може да биде проблемот. Си купив нова картичка на џабест и ја извадив старата(која беше на претплата) и не ја чита, потоа пак ја вратив онаа на претплата и таа не ја чита. Што е проблемот дали знае некој и ако го оденсам на сервис дали ќе ми го направат?
Однеси го на сервис, ќе ти го направат. Братучетка ми имаше ист проблем со нејзиниот телефон, не сакаше ниту една сим картичка да ја чита. Го однесе во сервис и за некое време го зема исправен.
Дали некој знае каде можам да го продадам мојот iPhone 4s? Сакам да го заменам ама не знам каде откупуваат. Помош? Фала однапред
девојки треба да бирам меѓу Alcatel One Touch Pop C7 и Sony Xperia M ... сега го имам Sony Xperia GO го користам 2 години но еве веќе 2 месеци кога сликам ми се исклучува и кога зборувам на тел од нигде никаде се исклучува... ајде кажете некој збор
Јас кога би бирала меѓу овие телефони, би го избрала Сони. Имам многу лошо искуство со Алкател, и не сакам да се враќам повеќе на тие телефони. Ти го препорачувам да си го земеш Сони, освен ако не сакаш повторно да носиш иста марка, земи го Алкателот. Твој избор.
Девојки, мене пак ми треба помош околу мобилниве. Се двоумам меѓу samsung galaxy trend plus, zte blade Q, alcatel pop c7 и huawei ascend Y530. Ги разгледав карактеристиките на секој телефон и мислам да го земам zte, но со оглед на тоа што досега немам користено телефон zte, би сакала да ми кажете дали се океј, или сепак да изберам некој друг од овие четири.
јас го имам huawei ascend Y530 и сум мн задоволна,не кочи,вади убави слики,кога одам на нет ми отвара секоја страна ...
Девојки, ми треба помош. Мобилниот телефон откако ќе притиснам на копчето за заклучување се исклучува, ама пак светка. И ми се троши батеријата постојано заради тоа. Имал ли некој ваков проблем? До сега вака не правеше...
Дали некој има HTC One Mini 2 ,сакам да го купам е прилично скап 20 900 но слушам дека има проблеми со микрофонот дали некој од вас има искуство ?
Мене сите ми го препорачаа Sony, но јас сум љубител на Самсунг. И така случајно се загледав во Вип и го има овој за 0 денари на претплата. Но, искуства?
Јас имам Самсунг и го обожавам, добри се телефоните имаат добри опции само што слабо држат батерија а некои многу знаат да кочат. Ама тоа е како ќе ти се погоди. И како излегуваат нови бројки и поголеми телефони мене се поубави ми се.
Некој случајно на форумов да не има samsung galaxy note 4, ама не 2 или 3 новиот четворка дали го има и да ми каже искуства. Уште не е искочен по продавнициве вип, т-мобиле и останатите ама може да се најде по некоја мобилара. Случајно некој да не има искуство?