Не гледам некоја голема разлика околу телефоните. Само камерата на галакси е подобра, друго нема ништо. Кој сакаш земи го, нема да згрешиш.
Ми треба помош од некој шо се разбира во овие работи, уште не можам да се решам, дури и се сфатив за перформансите, и општо за некои работи шо појма немав, ама сепак сакам ваше мислење, пошто сакам да земам нов мобилен и се мислам помеѓу повеќе. Решив да не зимам од нај новите, како ајфон 6ка, или галаксито с5ка, или ХТЦ м8цата, лг 3ката, пошто реално не ми се даваат сите пари што ги имам моментално за мобилен. Прескапи се бре, кога ќе работам ќе си дозволам, ама сега вака не сакам, не можам.Се мислам меѓу LG G2, galaxy s4,, ми го нудеа и ајфон 5ц, ама некако конзервативна сум кон 5ц, не го сакам, 5s радо би го земала, ама скап ми е и тој. Дечко ми па ми го нуде неговиот да ми го продаде HTC desire 610, за 12 000, пред 20 дена го купи, сакал со тие пари па лаптоп он да си купе, а мене некако па овој HTC слаб ми е, го споредувам со LG g2, шо ми е 1 на листата за купување, и ми иде некако преку глава. А планирам само уред/мобилен да купам, најверојатно од Ледиком, пошто најефтини се таму само мобилен ако земаш. Шо мислете вие искрено? Или да почекам до април на татко ми договорот му завршува на 800 претплата е, па тогаш да видам шо моб да видам, пошто мислам дека многу поефтино така ќе ми испадне се, откако ќе се израчунат бодовите на 3 броја на претплата и плус 2 години шо е на претплата, јас така го земав сега овој што го кристам ZTE Grand X In само 1000 денари доплатив. Совет????? А не ми се чека, иччччч, сакам нов мобилен. Слатки маки, ама ич не сум одлучна, незнам што да правам, утре ќе одам и до т-мобиле да видам шо ќе ми кажат. Инаку ако зимам од Ледиком мобилен, нов ќе е, а не половен, не ми се за верба ич половните, па макар месец користен.
Купи си Ајфон да те види Господ, и 5 и 5ц и 5с, мене ми се топ. Немам слушнато некој од Ајфон да се пожали де. Нема кочење, нема зафрканции, преедноставни, камерата ЏАМ, се' е автоматски наместено, подесено... 3г си лета, апликациите си летаат, мерак да ти е да работиш. Јас сега сум станата иос-сноб, ми иде да фрлам се' живо и диво што кочи со Андроид... Кешки цел живот да имам пари да си купувам, ама дефинитивно една од подобрите инвестиции што сум ги направила. А да, мој совет, дека батериите им се малце понежни, поарно купи си еден модел назад, пример 5, ама нов, немој на старо, џабе ќе се мачиш и проблем ќе си направиш. Моделите и перформансите им се скоро исти на сите три 5ки, кој и да го земеш е топ. Според мене, ако зимаш на старо, не зимај ајфон, барај друго... Некако чим некој продава ајфон имам чувство дека сигурно го има бааги зафркнато за да го продаде. А тој телефон не е лесно да го зафркнеш, верувај.
@anuskaNESTLE, ти кажав и по ЛП прееска. Имам искуство си секакви телефони, iPhone-от е one and only. Ако не ти се даваат пари за најнов модел, купи си 5-ка нова. Па, макар и 5c, сега тие ептен се намалени. Дузи е во право, сноб невиден станав и јас, 5s имам златен, сега една 6-ка златна сакам. Башка, еднаш дадени пари за iPhone никогаш не се залудно фрлени (за понов модел на пр. никогаш нема да треба да ја платиш цела сума - даваш стар, зимаш нов со доплата). Мобилариве освен iPhone и понови модели на Samsung (верувај ми) не откупуваат на старо. Имам многу искуство со нив. P.S Сестра ми отсекогаш заработуваше, па многу и се гледаше за iPhone. Пред година ипол си купи конечно 5-ка, вика не ги менам повеќе за ништо, раат било.
Дузи се согласувам со препораката за Ајфон, но дека сите ги шиткаат зошто на некој начин ги зезнале телефоните, врска нема. Сите што ги знам ги имаат продадено за да земат понов модел или Самсунг (да,има и такви). И од мобилара нема да ти го земат ако ти е зезнат, ептен ги проверуваат. А од рамдом човек на пазар 3 ни јас не би ризикувала да земам (јес да имав едно позитивно искуствно, но ми беше приложена и гаранција и се). Моја препорака е Анушке да си земеш на старо од мобилара. И тоа од некој што го знаеш колку-толку или да отидеш со некој што се разбира троа повеќе, па да го провери на лице место. Да, супер си е нов телефон али многу пари се реално, а ако сакаш да го шитнеш уште наредниот ден, цената му паѓа за минимум 30 проценти. Размисли си убаво. Мој совет ти е 5ка на старо.
Мој совет до тебе:Земи го lg g2 телефончето е одлично.Ни iphone5ц,ниту пак galaxy s4 не можат да се споредат со g2 бидејки се многу послаби во перформанси, а и дизајнот им е ужас.Земи го телефонот дефенитивно нема да згрешиш.
Хајј.. Би сакала да си купам Alcatel Scribe..? Дали е добар?Дали сте задоволни од него..Јас сакам да си купам,но мојата мајка вели дека е многу голем...
http://www.vip.mk/telefoni/-/gsm-advisor/iPhone/1474180/4S 8GB/IwlO79AvKRy7#ad-image-0 колку треба да се доплати и колку му е месечната рата и дали го има сеуште во вип? не ми е јасно тоа шо не се доплаќа пишува NO LIMIT колку му е месечната рата
Искуство со телефонов? http://www.vip.mk/telefoni/-/gsm-advisor/Samsung/865708/Galaxy S4 Mini/IwlO79AvKRy7#ad-image-0
Претплатата на No Limit е 2599 денари. Еве линк за секоја од претплатите што има вклучено: http://www.vip.mk/postpejd/tarifi-i-tarifni-opcii/tarifni-modeli Телефонот е бонбона, добиваш одличен телефон, со одлични перформанси и одлична цена. Сум го користела одреден период и сум презадоволна од него.
Што сте запнале сите за Ајфон не ми е јасно. Особено со 6ката какви проблеми имаат. Ич не ми се допаѓаат ајфон 5 и 6. Ни по перфоманси, ни по дизајн.
Марик во претходните постови ги фалиш ајфоновите, а сега ги плукаш? Не си ми јасен. Тоа си е мое мислење, немој да ме сфатиш погрешно. Но јас мислам дека ајфонот е ѓубре телефон.
Јас го имам брат му хахаха. Lg l90 и сум презадоволна. Мислам дека л70 е со послаба камера останатото би требало да е исто во врска со перфомансите. Од друга страна помал е по големина. Но, нема да зажалиш ако го купиш.
Да, јас сум презадоволна. А пред да го купам се пишманев вака, но претходно имав л3 од кој бев исто така задоволна. Меѓутоа л90 е телефон што според мене треба да се вбројат меѓу најдобрите телефони.