@koritsaki, немој да си ја зела 4-ката! Никако. Кога излезе фини и беа перформансите како за тогаш. Има на страната на Apple споредба на модели, милион разлика има од 4-6. 4 генерации разлика. Како од Golf 2 до Golf 6. Подобра камера, резолуција, процесор. Башка 4-ката не можеш да ја надградиш на најновиот iOS 8 и ќе ти прави проблем со апликациите. Пиши ми inbox за подетално ако сакаш да ти објаснам.
Нормално е дека ќе кочи ако го има апдејтирано софтверот на најновата верзија. Многу простор зафаќа новиот софтвер и го прави телефонот да кочи. А да го вратиш на стариот софтвер нема да можеш. Така да не го зимај ако не сакаш да ти кочи.
Дефинитивно алкател Јас го имам, месец и нешо , и се покажа добро ..пу пу да не го урочим. Има добри перформанси. Камерата многу убаво сликува..е сега предната камера како и секој мобилен е иста..само е подобра..плус си имаш и убавина ..пудра директива на секоја слика ќе си имаш Многу лица шо ги познавам се фалат од овој телефон, па и јас, затоа ти препорачувам да го земеш овој, нема да зажалиш
Дали знаете, од искуство, дали пред нова година би имало попусти во оне и т-мобиле? сакам да си земам телефон во доверба 24, сакам некој поубав до кај 10000...сега некако не ме бендисуваат телефоните што се до таа сума.
Има ли некој Samsung galaxy core plus,како е задоволен од телефонот и ме интересира дали има предна камера и блиц? Утре ќе одам да порачувам мобилен и се мислам за овој .
Еј јас кога купував тел, го гледав овој во ВИП и се бев одлучна да го купам и него. Море ја би и колекција хаха шала на страна, има камера и блиц има ама 5 мега пиксели е задната мислам. Успат еве ти едно линкче можеш да прочиташ за карактеристиките. Спојлер http://www.gsmarena.com/samsung_galaxy_core_plus-5842.php
утре планирам да се префрлам во one и да го купам овој тел... Alcatel One Touch POP C7 вработената во one ми рече дека изгледал како самсунг с5 готово решена сум да го имам овој, но сепак сакам да ве прашам дали некоја од вас го има и како е задоволна ??
И јас дојдов со намера да си прашам за овој на Samsung galaxy core plus Со оглед на тоа дека не можам да си дозволам огромна сума за ајфон 6ка или галакси 5ка ( барем додека не сум вработена) овој ми се виде како идеален за овие услови сега. Не се разбирам многу многу од технологија и да бидам искрена сите тие спецификации мене и не ми се јасни,(не знам од секогаш не сум сакала компјутери и технологија па не сум се заинтересирала да научам нешто). Она што ми е потребно е нели најосновното, фб, вибер, инстаграм и такви глупости... Ме интересира колку му држи батеријата? Ова линков што сте го поставиле погоре, баш ги читав коментарите и искрено се разочарав, се жалат на траењето на батеријата,дека е многу бавен, дека е безпотребно потрошени пари, дека рам меморијата му е крш, брзо се загревал при користење... Некако ме предомислуваат мислењава, а мене вака на изглед ми е совршен, баш како што сакам.
И ја сакам да го купам samsung galaxy core plus ама незз дали е добар ? камерата предна не му е убава ама задната ногу убаво слика
Нее не ти се исплати да зимаш 4 дефинитивно, тоа што кочат не може да се поправи, мислам углавном се ти објасни девојката погоре, така да боље не го зимај да не се нервираш. Подобро заштеди нешто пари па земи 5 или 5с и раат да бидеш. Иначе не знам кој спомна погоре дека ајфон 6 имал много проблеми, еве брат ми го има веќе некое време и нема никакви проблеми така да стварно не знам од кај се информацииве. И не ми е јасно како некој што никогаш не користел ајфон може да коментира дека се ужас, нормално и обратно некој што не користел андроид да коментира дека се ужас. Двете си имаат свои предности и маани. Јас еднаш земав андроид и никогаш повеќе. Се мислев ноут 4 да земам ама па 6 златна кога ја видов не ми текна на самсунгот...
Мене ме интересира какви слики вади дали се чисти и со убав квалитет и видеата какви се што се снимаат и предната камера каква е
Супер слики вади, и видеата. Јас сум генерално задоволна од телефонот, повеќе го користам отколку компјутерот. Летово ми падна во вц шоља и постоја таму некоја секунда, ама се уште добро ме служи, чак и батеријата
Девојки утре одам да си земам телефон се мислам помеѓу Alcatel Idol mini i Alcatel Idol 2 S Вака нема некоја голема разлика освен во големината.. 2 S е 5инчи а мини е 4инчи Минито е нешто како ајфон 4 у тој стил а 2 С е како самсунг...мене 2С ми е поубав дека е малце поголем,ама па и минито ми се свиѓа..дефинитивно ќе биде еден од овие два ама незнам кој па кажете искуства. за кој би се одлучиле вие?