Моментално го имам овој мобилен и многу сум задоволна од него го користам 2 и пол години и до сега не се има ни расипано ни камерата несто да зафркава (што е доста често кај другите мобилни)...само батеријата имам забележано последнава недела дека многу брзо ми се празни ама не е тоа проблем нова батерија и како нов...
Јас имам ваков моб. и сум задоволна од истиот, добра е и камерата, солидни слики вади. btw: екранчето е како огледалце така да супер е и естетски и функционално
Јас имам сони ериксон и многу е смотан, ич не го сакам. Нема меморија ниту прима мемориски. Повеќе од 3 мп3 не собира. А ваков сакам:
Кога го видов пукнат, осетив и јас пукнатина во срцето. Решена сум да одам со него на крај на светот. Таму е целиот мој живот, сите спомени...3000 пораки прочитани и по сто пати. ...сега имам Сони Ериксон. Машки телефон, му го земав на татко ми за да не купам нов. Со нов ќе се чувствувам како да го изневерувам стариот. Љубов моја.
Мајка ми има ваков, добар е ама премногу е нежен особено екранчето. До сега екранот и се има пукнато неколку пати а премногу го пази... Да беше мој којзнае каков ќе беше до сега.
Јас сум му верна на Самсунгот, досега имам имано 3 телефони од таа фирма Иначе, пред неколку месеци си го купив Самсунг S7070 Дива. Задоволна сум многу од него, но само ми пречи тоа што треба да се уклучам на интернет за да ги играм игрите.
Колку само не ме бива со мобилни телефони! Дефинитивно сум изгубен случај. Кога треба да го сменам мобилниот затоа што веќе МОРАМ, се препотувам затоа што не знам да изберам телефон, па обично се консултирам со другари. И туку почнуваат објаснувања кои се за мене буквално квантна физика. И ги буљам ко теле во шарена врата - а нешто розевкасто, пуфлесто има ли на пазарот?! Освен тоа технологијава е толку брза, што не се ни замарам со тоа да си набавам некој нов, најнов, понов од најновиот модел на мобилен телефон, затоа што знам дека наредната година ќе си го набавам 98 пати поевтин. Сепак ќе ви го претставам најновото нешто во мојот џеб. Ми фалат копчињата. Мајке ми. Едвај куцам Па се тешам со она - се е до навиката. Ништо, конечно ќе функционирам како машко - ќе ме МРЗИ да пишувам пораки така да само ќе се јавувам. И ќе дигам. Друго не правам! Ама убавко ми е пилево. Мало. Бело. Таман за во ташна или мало чантуле. Оооо - о - о
многу си го сакам моето бебче посебно затоа што не го купив него го добив јас сум верна на сони ериксон, а плус на овој камерата е феноменална (12мп ох уеа бејби) само уште да си најдам слушалки, тие ми се слабост сите успевам да ги зафркнам некако пс. многу ми е филмски што има опција за вакво пишување
Jaс имам Blackberry и задоволна сум. Тазе ми е. Има се што ми треба. Добро, само уште да имаше радио... Ама и вака е супер. Ама цело време го оставам дома. И звукот му е многу добар. Кога ке пуштиш на најгласно како звучник да слушаш прегласен е. И си го сакам. Ама би сакала некој телефон со вакво тастатурче: http://latestpriceindia.com/wp-content/ ... kia_c6.jpg
Вака... Мојот гореспоменат телефон како што имам кажано е скршен, и срце ме боли што морам да го заменам со друг. Земав една замена, не сака да се полни батеријата а ме мрзи по сервиси да го мкнам, земав друг екранот е расипан, а звучникот благо речено катастрофа. Утре ќе одам да земам телефон, па ми треба некој кој се разбира да ми помогне во изборот. BlackBerry Curve 8900 Samsung s3370 Sony Ericsson Yendo