Во ред, и кажими задоволен ли си? Јас вчера го купив и уште неможа да му се навикнам. Немам користено Самсунг телефон до сега,па би сакала малку да ме упатиш фала.
па планирам да земам бидејки секогаш сум купувала оргинал и не ми траел повеќе од 6-7 месеци , па затоа прашувам за корејските за да не фрлам пари многу за џабе барем поефтино да купам
Не, но сакав да земам но ме разубедија, не вреди за тие 100 евра што ќе ги дадеш, се ќе ти кочи и немаш ни гаранција. Ако ти се скрши после поправање нема, комотно можеш у канта да го фрлиш.
Се двоумам меѓу Iphone 6 и Samsung Galaxy s6 Edge, ако има некој би сакала да слушнам мислење колку сте задоволни.
Samsung-от. Јас користам iPhone 6 и пак ќе речам Самсунг. Подобар е на сите полиња. Јас чекам S6 Edge светло плав да дојде и одма го зимам.
ај ве молам некој збор за самсунг А5 , готово се решив да го земам али добредојдено ми е и ваше мислење
Имам А3, нема да погрешиш ако го земеш. Јас сум задоволна, само ако го земеш купи си и нано сим картичка во спротивно оние стандардните не влегуваат. За сликање ако те интересира во мрак вади одлични слики. Сега на А5 појака му е камерата и појаки перфоманси ама и мојот е добар. Сега за антивирус повеќето што ги прашав ми рекоа нема потреба како и @Marick14 па не ставив, ги бришам само активните апликации. Телефонот е топ, брз е, не кочи, се слуша убаво, е само се троши батерија ама и брзо се полни додека да се нашминкаш веќе имаш полна батерија.
И јас ќе ти кажам Самсунг, од причина што братучедка ми има Iphone 5s и јас го имав на проба но не ми се допадна ич. Посебно што не се слушаше убаво. Самсунг една од подобрите успеси на планетата Земја.
фала ти на информацијата , инаку за камерата ме интересираше бидејќи гледав на ју тјуб видео и кажуваја дека не требало да се очекува нешто спектакуларно од камерата , инаку можиш да ми кажиш за сим картичката поопширно , што како каде да ја купам колку е и итн
Марик14 откако го читам низ темава одреден период (па, сигурно година и кусур) стално ги критикува Apple, паралелно на тоа ги фали Samsung, или еве сè што е Андроид платформа, а видиш - секогаш има најнов модел на iPhone. Шо синдром ќе беше ова?
Во сите мобилни оператори, јас сум на постпејд и мене ми ја израчунаа на самата фактура картичката (159 денари ) во T-Mobile. Ќе си прашаш во салонот.
Ме интересира ледиком продавницата за телефони, дали телефоните се оригинали, поточно за ајфон ме интересира? Оригинал ли е или добра копија во ледиком?
Камерата е топ. Назад 8 а напред 5 мегапиксели. Одлична е. А за сим картичката можеш да појдеш во било која мобилара ќе ти ја скратат за без пари. А во оператор ќе доплаќаш.
Имаат и копија и оригинал. Али таму кај нив треба да имаш живци. Мој другар се расправаше таму со тие зелките. Викаат дека немаат ни однесување ни ништо. Се расправале со многу муштерии. Јас лично не сум бил и видел тоа, од луѓе што ми кажале.