А си ме прашала што користам? Samsung ги фалам затоа што се подобри во секој сегмент, а иначе користам iPhone 6 моментално. И службен ми е А3.
Читај, бе дете, читај! Тоа и пишав, дека стално iPhone користиш. Да сум го прашала шо користи?! Што е битно, дали е службен, приватен или што год...
брат ми купи ајфон 5с од ледиком го користи веке година дена оригинал е се, не се секирај лиценцирани се
@veren Фала ти! Ми беше страв си викам да не се некои копии оти се многу поевтини од т-мобиле, вип оне во ледиком.
Ако е оригинал јас сум мачка со крилја. Која им е лиценцата, 1 година гаранција? Хах, смешно. Ајфон од прв старт ме разочара, слаба слушалка.
Оригинал се. Милион %. Скоро 4 години фамилијарно верни на брендот Apple, сме купиле едно 4-5 пати сигурно од Ледиком (паралелно и од други, меѓу кои и од оператори), немале мана. Реална оценка може да даде човек што ги користи редовно, или учи/истражува од таа дејност. Што бизнисмени изнакупија од Ледиком, iButik, Mobilfon и останати... Патуваат и им треба Neverlock, а таков од наш оператор не наоѓаат.
може си стварно мачка со крила , секој си има свое искуство од ледиком јас го кажав моето ти твоето никој не те присилува да купиш од таму
Да? Пред да ги заклучат? Фала ти на понудата, ете не ми текнало. Имам и јас врски, ако не ми завршат работа ќе те барам. А, многу е можно скоро да земам 6-ка. Инаку, муабетов за друго беше, ама ај се вклопи.
дечки што ке кажете за овој телефон?Предходно имав хтц,ми падна во вода се расипа,моментално немам никаков.Дали е добар овој така да го земам колку да не сум без телефон,марката добра е?Кој се разбира во телефони ве чекам за мислење да ми кажете.. https://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=43020&i=1106&l=MK&SupplierArticleID=&Action=
Samsung Galaxy S4, HTC One M7, Huawei P7 ти се телефони со сличните перфоманси, ако не и подобри, а за некаде истата цена ги добиваш, а што плус добиваш и поквалитетни телефони. Недај боже да ти пукне тачот или екранот на сонито. После ќе се чешаш.
Во телефонов немам меморија. Избришав некои непотребни апликации, единствени што ги имам симнато се фејсбук, инстаграм, снепчет и ретрика бидејќи ми требаат само тие. Други апликации што имав симнато и игри исто така се' избришав. Песни имам само 10тина и слики исто така. Имав многу слики порано но скоро сите ги префрлив в компјутер и потоа ги избришав од телефон. И плус албумите ми се направени в мемориска но кога ќе појдам да проверам кај меморијата на телефонот колку има слободна пишува дека в телефон е се' а скоро ништо в мемориска. Нема меморија, барем за да се апдејтираат апликацииве кај кои бара да се апдејтираат. Не знам дали е до мемориската што ја имам или до друго нешто..