Имам ваков, го купив за мојот роденден, значи 11 октомври, многу ми е добар, највеке ми издршал и најмногу ми се допаѓа што има блиц и кога одам некаде во темница го палам какао сијаличка и мсилам дека без него неможам ни до веце да одам
^ Не можам, издрЖал. Си купив ваков дигитрон. Не знам што опции има, ниту пак дали е добар/лош, ама се надевам ќе послужи за јавување и пораки. За музика и камера не ми ни треба, имам посебни уреди за тие нешта.
кога сме кај мобилните морам да кажам дека ми фали моето првенче nokia 3200http://www.vatgia.com/ir/pictures_product/0/c3BxMTMwMTY1NDY2NS5qcGc-/nokia-3200-anh-4.jpg го имав цели 7години и кога веќе остаре премногу му го дадов на таткоми - до тогаш функционираше беспрекорно а по 2месеца откако му го дадов на таткоми престана да работи.....јас го изневерив а он мене не
Навистина ми е потребен мобилниот. Си го носам секој ден со мене,дали само еднаш или 2 пати ми се случило да го заборавам дома и се осеќам како да сум без некое парче облека. Го користам за јавување и праќање пораки и МНОГУ РЕТКО за слушање музика. Не за друго,непријатно ми е кога не го носам,не можам да се јавам на некој ако ми притреба нешто и сл. За жал,сега мобилните,односно марките станаа главна преокупација на тинејџерите...повод за тепање време и натпревар помеѓу нив за тоа кој има подобар и поскап мобилен. Згадено ми е од тоа. Се знае за што треба да служи мобилниот.
Во понеделник ќе си земам ваква убавица! SONY ERICSSON XPERIA X8 Еве податоци за Неа. http://www.gsmarena.com/sony_ericsson_xperia_x8-3403.php
Интересни се мобилните на ТАЧ, ама call me old fashioned си преферирам на копчиња. Си имам ваква срцка и супер ми е Ми се свиѓа и бојата и тоа што е на лизгање, и има доволно голем екран со фини бои А внатрешна убавина е што има два гига, Walkman е со супер слушалки (и перфектен bass), има милион работи, единствена маана е што нема блиц, ама си имам апарат за такви ствари така да не ме засега многу
Сефора, јас имам од Сони Ериксонот јендо, кога барав Икспериа во моментот немаше, а морав да земам некој (продолжував договор), а сакав ериксон да биде, и таму ми го препорачаа јендо како тој на третата слика walkman e, на тач и го зедов, само што нема многу меморија и камерата му е два пиксела, ама со доплата од 1000 денари добар е и го зедов. Добра работа е тоа што маските одзади се менуваат, има скоро во сите бои, бела, сива, црна, црвена, розова, жолта, плава, зелена . Има блутут, опции за на интернет, пораки нормално, ноутс и друго не ми треба .
Си имам Sony Ericsson k550i ..сегде си го носам со мене па дури во вцц и ко ќе се капам си слушам музика!
Најлошото искуство ми е со оваа скапаница (прости на израз), ми беше даден модел (на ново, од Т-Мобиле) со фалична батерија, и морав да ја полнам секој ден, без активно да го користам, а се работи за модел на кој токму најголем адут му е времетраењето на батеријата. Инаку, порано се палев на нови модели, фенци модели, со компјутерски можности, како нокиите, ова-она, па имав Нокиа Н95, па Сони Ериксон W595... Ама, да не тупам, сите ми откажаа послушност/љубов, и веќе извесно време си се вратив на моето телефонче од 2005-та, кое се’ уште си држи, Сименс А52. Класика, полифони мелодии, и 2 игри, закон! Нормално, некогаш во иднина ќе земам некое попристојно моделче, барем со камера, но НИКОГАШ нема да користам тач скрин, зашто таквите екрани не се направени за моите дебели прстиња.
Незнам дали сум единствената што воопшто не уживам во скапи телефони,вакви да биле,ова да имале и разни други опции!!!Најважно ми е да држи батерија подолго време,да можам да се слушнам било каде и смс да напишам.И секогаш кога ке купам некој побогат телефон или го губам или ке го "избањам" со вода или кафе не битно.
Имам телефон ,колку да го имам ама сега доаѓа такво време шо мојта генерација мора да има модерни и скопи телефони...ајде и на мене да ми купат скап и убав...одеме у продавницата...ја па за најсимпатичнио и најефтинио...
Колку не се замарам со телефонот, тоа е чудо. Ќе го баталам негде, врска немам кај ми е, може да си звони, па и батерија да му снема . . . на тој што му требам да ме пцуе Исто, многу мразам долги разговори и лигавење. Инаку имам марка нокиа така убав модел, и добро ме служи. Скроз можам без мобилен.
Имам Nokia, не е баш од најновите модели, но супер ми врши работа, сега за сега не би го менувала. Инаку јас не сум фанатик за нови и скапи мобилни, со незнам какви опции, затоа што ми е најважно телефонот да е функционален и долго време да трае батеријата.
Имам едно Сони Ериксонче, вокмен пишува на него, а што модел е врска немам!! Не е битно! Инаку, си имам голем мерак на модерни телефончиња. Да можам на неколку месеци да го менувам, би, ама не можам. Овој сега, океј ми е, има Вај-фај и тоа е она што ми треба, ама туп е многу бе. Му паѓа конекција, се исклучува сам, снемува слика, све и свашта... Батеривчето секој ден го полнам! Сега планирам да си се подновам со едно ново, на тач и сите тие тракатанци, мада не за брзо, ќе си почекам до ноември да ми истече договорот на претплата па така да си земам со помала доплата! Да не пребарувам многу!! И да, ајфонот ми е љубов неостварена!!