Се мислам помеѓу Samsung galaxy s6 i Samsung galaxy s6 edge кој е подобар? И дали Ледиком се сигурни? Да земам од таму поевтини се ама страв ми е могу е голема разликата во цена
Па од ледиком се поевтини-замисли,еден самсунг галакси с3 во ледиком е 11.000 отприлика а во one уште има цена од 20.000 и кусур
Има и тоа каква логика,од мобилара да се поефтини.Пред се вип веќе го крати припејдот кај корисниците,ке нема повеќе припејд него само постпејд,а можеш да го купиш само телефонот во вип но ке платиш 2 пати посакапа цена,затоа што сакаат да те насамарат да бидеш 2 години претплатник,така да купувајте од испробрани мобилари.Сепак ледиком не се заебанција,слободно купувајте од таму,дечките се со голема професионалност.
смешно е ова шо го кажа, вип не може да те насамари, никој не може да те насамари ако знаеш шо правиш. Генерално, операторите ти го нудат телефонот поевтино поради тоа што стануваш нивен претплатник на 2 год. ( а во тие 2 год. плаќаш само претплата). Ако го купиш од мобилара, ем ќе го платиш посакапо, ем пак на некој оператор ќе му плаќаш претплата. Така да... јас сум за купување нови тел. само од операториве наши.
Смешно ке беше да не работев со телефони,али сепак еве ти подобро знаеш од мене,гледаш колку лесно ке те насамарат,само за да земеш еден мобилен телефон,ем ке го платиш ем ке плаќаш претплата 2 години.За разлика од мобиларите што го купуваш еднорактно само телефонот,факт е дека неможе во вип или т-мобиле телефоните да бидат по ефтини од мобилара нема шанси. Види од вип и види од ледиком,истата цена е.Али израчунај ја претплатата 2 години и ке видиш ѓавол ипол ке те кошта еден моб.
не мешај баби и жаби. Зошто ја рачунаш претплатата? Таа си ја плаќаш посебно дали ќе купиш телефон од мобилара или од кај нив, претплата си е претплата.
Имам галакси с4 ми падна изгледа дисплејот се скрши бидејќи ми покажува црна слика со зелени и бели линии...Колку ќе ме чини да го сменам? И дали ќе ми се избрише се од телефонот ако го сменам
девојки може ли да ми објасните како одат процедурите за земање телевфон на рати во вип ама воедно и нивни претплатник да бидеш?
Ке те чини колку нов телефон ако е целиот дисплеј со тачот,а ако е само дисплејот 700 до 1000 ден е поправка.
Јас порано имав alcatel one touch pop c5 и бев презафовола но ми го украдоа,така да сега имам LG l5 и добро служи☺☺☺
Се менува ли копчето за заклучување на телефонот и ако да колку би чинело од прилика, или да му турам пепел и да си барам чаре за нов?