Купил ли некој телефон од ibutik? Ако има таков или ако знае нешто во однос на мобиларата нека ми пише и дали се во ред телефоните или продаваат кинески?
Јас еднаш бев и никад више. Влегуваш и мислиш дека влегуваш во оние контејнерите на брод што ги има што истовараат роба и мигранти. Иначе немам земено телефон од таму. Но знам дека продава реплика телефони. Пази ако не ти каже да не го окркаш.
Јас ти гарантирам дека кинески телефони нема,и сите телефони работат со 1000%,имам купено околу 10 телефона од кај нив и сите биле ок.
Планирам да земам Sony Xperia z1. Читав мислења за него на нет. Викаат сѐ било супер, само не биле задоволни од предната камера. Иначе бил многу брз, но брзо се загревал (но не зависела брзината од тоа). Вие сте имале искуство со телефонов? А, да, сакам да земам од Алиекспрес зашто се 190$ нов, неупотребен, а тука се над 200€ новите (а употребените се или изгребани, или надоградени на Lollipop).
Одличен телефон со страшни перформанси,само јас не би од такви сајтови нарачувал телефон.Би ти препорачал кај нас да си најдеш зачуван некој и да го купиш.
А си израчунала данок и царина колку е? Иначе добар телефон е Xperia Z1 до сега не сум слушнал лоша маана за тој телефон. А од предната камера и јас не сум задоволен многу.
Се најде човек што го направи ама го вратив од кај што го земав после поправката за у случај пак да се расипе
Неколку пати ми се случи да не можам целосно да видам некоја слика бидејќи се појавуваат како линии на истата.. Сега го рестартирав телефонов и пак си е исто.. Ако знае некој како да ги вратам во нормала, или нема враќање.. Самсунг е иначе :c
Јас не сум задоволен искрено од таа мобилара,имаат телефони ама мн изгребани исчукани,али најубаво иди види си.
Ај да ве прашам може некој ќе знае, имам мобилен Samsung, Андроид е, и сабајлево нешто ми излегува текст Тастатурата Samsung сопре, го рестартирав мислев ќе се среди но ништо. Дали можам јас некако тоа да го поправам или е за на сервис? Опциите за тастатура не ми се отвораат....