Да ве прашам тие што имаат Samsung ви се ажурираше софтверот вчера? Мислев ќе се смени целосно, тие додале само една апликација "паметен управител".
Па во сите приватни мобилари во светот има изгребани телефони, доколку продаваат половни. Јас во таа мобилара повеќе сум видел сочувани отколку несочувани. И нормално, ако има несочувани цената е поефтина. А на некој и не му треба сочуван телефон. Јас сум прилично задоволен од таа мобилара. Слободно можете да си купите од таму. Нема никаква превара.
Тоа е твое искуство,јас го кажав моето,и не би купив повеќе телефон од таму дефинитивно.Да во сите приватни има ама кај нив какви кршови сум видел тоа е страшна работа.
Добар телефон. Во класа со HTC One M9 & Samsung Galaxy S6 но за поефтини пари, а скоро истите перфоманси. Нема утка ако го земеш. Телефонот е перфекција. Камерата малку е послаба за разлика од овие два, но другите перфоманси се скоро исти.
Дефинитвно вреди за парите,сепак иос си е иос,ке ми треба многу време да ти објаснувам и да пишувам реферати.Ако сакаш ајфон дефинитивно го имаш правиот избор.
За парите искрено, не вреди. Даваш 700 евра, а не добиваш во перфоманси. Го плаќаш брендот. А за 480 евра можеш да си купиш Samsung Galaxy S6 или HTC One M9 со дупло појаки перфоманси. Не дека не е добар ајфонот, али за тие пари што ќе ги дадеш за него не вреди. За оперативниот систем незнам дали си користела, но е многу позатворен систем од Андроид и Виндоус. Но е постабилен за разлика од Андроидот. Ќе се навикнеш со тек на време. Или па ако си при пари, земи го. Но знај дека плаќаш бренд, а не перфоманси.
Вака јас го имам Core Prime телефонот е бомбона супер е брз нема маана пртездоволна пред недела дена го земав немам коментар.А овој др е само поглем и поголема камера другарка ми го има Grand Prime исто е презадоволна ама и поскап е.позз
И двата се добри. Кој и да земеш нема да згрешиш. Гранд-от има поголем екран само. Перфомансите тука им се негде.
Веројатно за овде е прашањево - последнава недела телефонот кога го пунам едвај стига до 20 %, цело време скоро ми е на пунач и дури коа покажува дека се пуни, всушност се празни батеријата. Батеријава треба да му се смени или?
Немора да значи дека е батеријата. Што телефон е? Можно да е до батеријата, конекторот за полнење или чипот за напојување (најлошото).
Јас го имам еднио, мажот ми другиот. Добри се и двата ама дефинитвно Samsung Galaxy Grand Prime е подобар, подобра камера 8 MP, поголем екран 5 инчи.
Иако не сум го имал, телефонот е ѕвер. Не е скап, а и нуди добри перфоманси за цената. И според мене еден од најдобрите дизајни на Самсунг. Дизајнот е перфекција.