Сакам да си купам телефон и се мислам меѓу самсунг с5 нео или самсунг с6 но како што разгледував по интернетот видов дека во Ледиком цените им се за нкоја 1000 поевини која е разликата?
s5 neo e vodootporen s6 ima stabilizator na kamerata другите карактеристики се тука некаде исти подетално види овде http://www.gsmarena.com/compare.php3?idPhone1=6506&idPhone2=6849
Ледиком имаат телефони што не се за европски пазар. Нивните се од азиски пазар. И нормално е понекад да си видите Куран или кинески апликации вградени во телефонот што неможат да се избришат. Исто така доколку недај боже ви се расипе телефонот, во Европа нигде нема да ви го сменат затоа што не е наменет за Европски пазар. Додека пак Европските модели доколку ви се расипат можат да ви ги заменат со нови каде и да сте во Европа. Така да прво гледајте каде има Европски модели и од таму купувајте.
Помош луѓе. Се мислам помеѓу Samsung Galaxy A3 и Samsung Galaxy Core Prime. Е сега, првиот е секако подобар, камера, меморија, дизајн сето тоа, ама поскап е од вориот. Или ако имате некоја друга препорака до 200 евра, супер ќе биде. Го видов Grand Prime, ама тој ми е ептен голем. Некој што ги има овие да каже искуство, батерија, камера, брзина (иако ги има податоциве, сепак...). Инаку секако ќе биде Самсунг Галакси, само ете не знам кој. Спојлер: Глупаво прашање И да, како стојат со маски продавнициве за овие, бидејќи без маска нема да можам, ќе го расцветам одма. Пожелно би било некој од Струмица да ми го одговори ова ако знае. Фала однапред.
Во план сум да менувам телефон и првин ми се допадна А3. Вториот не знам каков е. Во моментов имам самсунг галакси с4мини и го имам некои две години веќе. Сеуште ме одлично служи ама меморијата ми е малку, иако избришав сите непотребни апликации и фајлови, веќе е пренатрпан. Има 1 гб рам и 8 гб внатрешна меморија. Е кога видов дека 8 гб има и А3 одустанав од него. Сепак ми е многу убав и без разлика ако е поскап сигурно е подобар од другиот. Мене ми е битно следниот телефон да има најмалку 1,5 гб рам и 16 гб интернал меморија, да има екран 4,7 инчи најмалку и да не е некој кинески модел а да не е прескап. Изборот ми падна на самсунг галакси А5. Го има некој? Искуства?
Го приметив болдираново и видов дека нешто не ми штима. Баш сега проверив. А3 има 16гб внатрешна и 1,5 РАМ. Е сега помал е од 4,7, ама решив да ти кажам, да не излезе не сум ти кажала Мене А5 ми е ем прескап, ем преголем, 5 инчи, хахаха, нема шанси, нема да можам в рака да го држам.
Хмм.. знаеш имам прочитано на различни места различни информации. На страната на Оне видов дека е со 16 гб и 1 гб, кај Ледиком видов дека е 1 гб/8 гб. Така да не сум баш сигурна дали е 8 или 16 кај нас тука. На гсм арена велат дека е 16 гб со 1,5 рам како ти што кажаа, ама не знам каков е кај нас тука. Или има и од 8 и од 16 (и плус да е 1,5 рам) или нашиве се со малку погрешни информации Јас дека мислев да земам од ледиком бидејќи е поефтино со кеш, иако сум корисник на оне, па во предвид доаѓа и тој некој бонус што ми следува од Оне, ама па сега се испобунив повеќе. Сепак фала ти, ќе морам да проверам повторно. Ако е навистина само од 16 гб би го земала и јас. Убав ми е баш. И 4,7 инчи е по арена, на ледиком страна и на Оне страната е 4,5'. Е ај сега
@Sky-butterfly Во право си, е ај сега кому да му веруваш. Јас за големината, си пишувам на Гугл „името hand" и ми излегуваат слики од луѓе што го држат в рака па така си проценувам А и мене ми треба поголем екран, дека читам на мобилен многу често. Не знам, го замеркав овој Grand Prime, поевтин е од A3 ама шознам. Исто ми фати око и HTC 620g, ми се чини солиден. Некако Core Prime со неговите камери не ми одговара овде .
@Lella Јас не често, туку 95% го користам мобилен. И ми треба соодветна големина, да ми биде згоден за пишување со една рака, а пак поголем дисплеј од овој што имам. Го меркав и јас тој хтц, ама некако со самсунг сум приврзана. Последниве телефони ми беа самсунг и бев задоволна. Сум навикната на нив. Ќе треба да прошетам пак секако, да ги опипам со рака а ќе проверам и јас на гугл Дефинитивно ќе биде или А3 или А5( само ако е помала меморија кај а3). Малку и јас се мислам да не ми е преголем тој со 5 инчи, ама ќе видиме. Пиши што одлучи и ако ти избор падне на А3 и го земеш пред мене, пиши како си задоволна
Ај не ми се прави многу паметен. Не го знам зборот на македонски литературно, не ми ни текнува. Не ми прв јазик, учам сеуште. Ако имаш што попаметно да кажеш кажи, или дади совет, или барем како се правилно каже, ако знаеш и ти па.
Што мислите за телефоните на LG? Братучедка ми зема од Алиекспрес за многу ефтина цена (оригинал) и е презадоволна. И кои мислите дека се подобри, Сони или ЛГ?
А3 јас лично го имам користено и после ми го купи другар од рака. Иначе добар телефон е. Добар дизајн, предна камера 5 мегапиксели, задна 8. Доаѓа со 16Гб меморија и плус можеш да го надоградиш со мемориска картичка. 4.5 инчи е екранот што е доволно за работа. Јас го имав златниот, што мене не ми се допаѓаше бојата. А белиот е бела перла боја и прелива и е многу убава. Јас бев и на одмор со него имав и доста слики сликано. Собира многу меморија. Така да, задоволен бев премногу.
Јас да се уфрлам тотално офтопик, се откажав е правилното. Успат, ќе те известам ако го купам попрва, и ти да ме известиш.