Луѓенца знаете ли од која цена се одзема бонусот кој го доделува оне на пост пејд корисниците. Од цената на телефонот, или цената на телефонот во тарифата на која ќе го продолжиш договорот?
Ужас се денес телефоните кај нас,особено што се зимаат преку договориве во мк Секако има некој исклучок
Jaс го немам користено ама никогаш не би зела таква марка на мобилен Подобро да си земеш Samsung, Nokia, Lg... Ама сепак ти си знаеш Инаку го има некој користено oвај мобилен, и како сте задоволни? http://one.mk/mobilni_biznis/product/samsung-galaxy-grand-prime.html#null Сакам некој нов мобилен да си земам ама уште не знам каков...
Еден другар купи HTC One X. Телефонот тогаш кај нас на пазарот беше 180 евра користен. Тој си го порача нов 150 евра. На крај со царина и данок му испадна 220 евра и плус расипан му го пратиле. Така да, строго не за нарачување телефони од таму.
Јас од галакси го имав овој и ич не бев задоволна а ги имаше и оние кинески апликации инаку го добив поклон од роднини и поима немам каде е купен .. Бидејќи ми цркна звучникот мораше на мајстор да го носиме со мм а у меѓувреме си купив нов телефон самсунг галакси с3 нео од оне и сум сеа за сеа задоволна , чисти слики на двете камери ваѓа брз е за интернет.. Инаку подолго време користам од фирмата самсунг и генерално сум задоволна од телефоните .. Иако да можев ќе купев sony xperia z3 или овој новиов z5 .. ама се во свое време
Јас дефинитивно би се одлучила за ЛГ. Многу пофалби читав за lg g2, мислам на некој форум беше избран за телефон на годината, со одлична резолуција и процесор и се, мислам сеуште си ја држи цена, малку ми е поскап од она што сакам да издвојам за телефон ако не се лажам. Колку чини?
Јас за маска да ти кажам. Доколку телефонот е еден од по новите, кај нас ќе можеш да најдеш најобична во една боја. На ebay има многу убави, доколку имаш искуство со нарачувањето преку нет можеш да си нарачаш.
Па G2 e околу 200 евра, а G3 е 250-300 евра. А, z1 па има подобра камера, исто така бил брз, поплака за него имаше дека не издржал под вода 20 минути. Цената му е 150-200 евра.
200 евра не е многу за таков телефон. Ми остана во глава поголема сума, ама којзнае кога гледав. Додуша, со оглед дека е излезен 2013. цена и не му е мала цена, сепак си се држи. Не знам за сони, некако ни јас не ги сакам многу нивни телефони, не знам зошто, г3 е преголем, мада и г2 не е баш мал додуша А да, исто прочитав дека повеќе го ценат г2 неголи г3, ама не знам во детали. За кој и да се оддлучиш, нека те служи добро
Сакам да купам телефон од мобилара, па да сподели некој искуство. Или да не ризикувам, да си купам од некој од операториве? Совет?