Знам, и брат ми навива за овој.Вика да не сум земала Самсунг.Он има сони М2, екранот е отпорен на поливање, ми вели, еднаш пивото да не го истурев на под, земав врз телефонот го истурив А овој таман за мене, и со мокри раце да го користам.Гледав вчера Z5 го стават во чаша со вода и со блендер го матат, хаха нормално ништо не му беше.Камерата му е исто како во живо да го гледаш, лелеј. @Marick14 Фала Мариче, нека ти се врати поубав, ти Z5 да си го земаш, малку лубоморна ке сум ти, ама ако Абе ти кажав ли дека за таков за одлучив многу заборавам @Скопјетесакам Да, ептен е добар.Мене ми е само за камерата повеќе.Ама јак е.Ти колку го зеде овој, на колку претплата ? Со здравје да си го користиш чекам слика да видам каква ке направиш
Камерата е одлична верувај многу добра,и добри перформанси има така да не ти треба ништо повеќе.Јас не го земав на претплата си го купив само телефонот од мобилара нов.Ке направам деновиве некоја слика,али сепак апарат е апарат за сликање нели .Фала по убав да си купиш
@Winter Lady ми кажа, ама од многу учење мозокот ти испарил. Иначе внимавај премногу кога го ставаш во вода. Убаво затвори ги капаците. Затоа што некои може и да пропуштат вода. Јас искрено не би ти препорачал да го гњуриш под вода. А иначе вака од дожд, влага, ако му истуриш нешто течно немаат гајле. Прво од Сони излегоа со изјава дека нивните телефони се водоотпорни. Но после (сега скоро беше, летово мислам) ја повлекоа изјавата и изјавија дека не им се водоотпорни телефоните. Затоа пази. Не влегувај во вода да се бањаш со него. Порано ако ти текнува на кутиите на Sony Silo, Xperia Z имаше со телефонот, нацртано вода, демек се водоотпорни. А сега го нема тоа нацртано. Така да, боље не си експериментирај. Тоа е мој совет. Ако сакаш водоотпорен телефон земи го Galaxy S5. Со тој јас имам лично искуство. Имам и слики и видеа сликано и снимано под вода во грчка со тој телефон. Тој е стварно водоотпорен.
Fala za informacijata , mene I tolku kamerata ne mi e bitna,bitno mi e samo da ne pocne da koci posle 4-5 meseci
Во никоја фабрика во светот не се произведол телефон што сам од себе кочи. Перфомансите се тие и се знае колку можат да претрпат. Пониската класа не трпи многу апликации, слики, видеа. Јас препорачувам ако зимате од таа класа на телефон, зимајте и мемориски картички за телефоните. И сите податоци што ви се, префрлајте ги на мемориска за да не ви кочи телефонот. Иначе за кочење, сите телефони кочат. Се зависи како ги користите.
Мојов самсунг с4 мини ми има паднато во вц шолја и бааги постоја малку додека го извадам па работи сеуште и тој и батеријата. А помина година дена веќе. И претходниот самсунг добро ме служеше, затоа пак сакам самсунг.
@Marick14 Абе немам срце да го ставам под вода. А што ќе ми е кога ќе се бањам, нема сигурно пораки некому да пишувам.Епа ќе немаат мака, ама ако не стои во вода повеќе од пола саат.Ако е отворен каде стои картичката може да се расипа да, или како што викаш ако не му се убаво затворени капаците, ако пред тоа бил отворен некаде на поправка. Како имаат срце, бе види што му прават на овој Z2. @Sky-butterfly Епа водоотпорен ли е твојот, не знам какви се тие телефони. Ако веќе не ми се плата толку претплата, ќе си земам како ти што сакаш и Лела Samsung A5.
Па како ќе те измамат да го купиш ако не со видеово. Добри се, ама водоотпорни не се. Они цел свет го излажаа а не пак тебе.
Женски Elephone Trunk сакам да земам. Изгледав милион ривјуа на јутуб ама сепак ме интересира некој пто го користел какво искуство има. Така да ако го има некој ве молам пишете како сте задоволни?
Мене ниеден телефон не ми одговара од тие што ги сакав :/ сите се со 800 ден претплата и плус доплата а не сум толку финансиски jaка за да земам. Останува да поjдам во некоj од салоните на One и да видам дали имаат и други понуди.
Ми завршува договорот,ќе си го продолжам и си го бендисав овој моб,за тие пари колку што мислам да го купам..
Што мислите за Leagoo Alfa 5? Вака ми изгледа добар според перформансите, но сакам да видам и други мислења.
Незнам каде да прашам, поврзано е со мобилни телефони па се решив тука. Денес појдов до One да разгледам за телефон и и кажав на вработената дека сакам со потврда од работа да земам телефон нејзиниот одговор беше дека земањата пост-пејд телефон со потврда од работа веќе биле укинати и единствениот начин бил само со лична карта и последна платена сметка за струја/вода.. Што искрено ме зачуди, да беше така зарем немаше да знаат во фирмата од каде што е побарана потврдата Некој нешто повеќе ако знае да каже? само во мојот град е ова или? Иначе LGJoу некако не ме бендиса на изглед а баш се мислев помеѓу него и Алкател Поп 3
Lg Joy да не го зимате еве го го имам ми го купи дечко ми за роденден. Има некој проблем со Google Play Services кочи ко луд нема предна камера, иако на некои сајтови пишува дека има али не е точно. Така да еве да ви кажам да не се зезнете со Lgто
Јас си го купив Samsung Galaxy Grand Prime пред некој ден. На големината уште се навикнувам, ама не е толку голем како што си го замислував, добар е. Камерите се одлични, само за задната нешто фокусот се мрда, ама верувам дека има некоја опција и за тоа. Предната е супер, се гледа дури и на нашата светлина дома што е многу слаба. Многу ми е интересно тоа со раката, ќе ја покажеш раката и почнува да одбројува за да те слика, не треба ништо друго да се стиска. Брзината му е супер, особено на интернетот, не сум навикната толку брзо да ми отвора од мобилен, хаха. Да ви кажам Фејсбук не си симнав, многу ретко отворам и онака, зошто да го полнам за џабе? Симнав инстаграм, се разбира Wattpad, и некој игричка таму. Супер е мобилниов, батеријата не знам дали има смисла сега да зборувам, бидејќи е нов, а и целата батерија ќе зависи сега во првите денови како ќе се однесувам со неа. Ама воглавно многу брзо се полни, а за трошење, па и не е некоја мноогу издржлива. Но секогаш можам да си симнам апликација за да држи повеќе, нели? Тоа е тоа, ајде имајте убав ден.
Некој што се разбира ако може да ми објасни што е разликата ако направиш root на телефонот? Јас користам samsung galaxy core plus