Вие што имате самсунг телефони дали ви стигнува нотификација за оптиматизирање на апликации во телефонот? Пробав да го исклучам, но после некое време самото автоматски ми се уклучи.
Кај Симпо, позади Педагошки Факултет, Пред мостот ОН, во ГТЦ, има на многу места сервиси. Иначе цело куќиште се менува. Не е како на Ајфон 4-ките. Би те коштало максимум до 6.000 денари.
Мене деновиве ми се појави,само Clear правам на нотификации,не знам како се гаси и дали воопшто се исклучува тоа. Некој ден може да пробам да ги оптимизирам,може ќе ми се тргне
Дали знаете дали во Мк може да се декодира Нокиа Лумиа(532), бидејќи имам слушнато дека ако е купен од странство да не не можело...И дали знаете ако може, колку би чинело?
Тоа во Америка не може, па каму ли кај нас. Тоа има и телефони што се од кај нас па не можат да се декодираат. Нокиите не се декодираат, скоро повеќето. А тие што се декодираат, скапо е декодирањето.
И јас стискам clear ама па секој ден заборавам. Нешто пишува можат да се исклучат, но ми е страв да не направам беља.
Гледам дека доста се разбираш во телефониве па ако може да ми кажеш мислење.Сеуште не сум купила тел се мислам помеѓу Huawei p8 lite i Sony Xperia m4 aqua???? Имаат горе доле исти карактеристики ама едниот мора да е подабар нели?
Huawei P8 Lite. Со спецификации слични се, но Huawei е подобар бренд на телефони од Сони. А и Р8 е многу добар телефон, нема утка во изборот.
Добар телефон, со добра камера (13 мегапиксели), супер дизајн, добра предна селфи камера (5 мегапиксели и ауто фокус), јак quad-core proccesor со 1.5 гигабајти рам меморија, SuperAmoled екран што подржува HD. Јак телефон со одлични перфоманси. Доколу се одлучиш за овој телефон, нема да погрешиш.
Го немам лично, но ги разбирам телефониве, сум сменил премногу и затоа го знам тој модел и ти препорачувам да го земеш. Иначе јас го имав претходниот модел А3. Јас бев презадоволен од тоа што го нуди телефонот. Мојот беше златен, но мене златната боја не ми се допаѓа, за разлика од златната на Ајфонот која е многу поубава. Мене ако ме прашаш белата боја е најубава од новите Самсунг модели затоа што белата боја најубаво прелива. Штом сум бил презадоволен од тој телефон, значи ти ќе бидеш уште по задоволна од А5. Било каде можеш да го купиш во Скопје по приватниве мобилари. Освен во Ледиком, кои луѓе што ги познавам, а и јас, имаме лошо искуство. Телефоните им се за не-европски пазар, а и повеќето што ги имам јас земено ми се расипале. Па после сум се расправал во врска за гаранцијата и тн. Е сега со твои пари твој е изборот кај да го купиш. Прочепкај по пазар3 и реклама5 и ќе видиш каде најмногу ти одговара од таму купи го.
Јас го имам одличен телефон и нема 1.5 гб рам него има 2гб рам,и јас има најдобра селфи камера со wide screen сликање,го имам земено од вип.Но го имаш по мобилариве(нов) и е по цена од 250 евра.Одличен телефон 10000% нема да згрешиш ако го земеш.