И јас го имам. Пофални зборови само. Пред некој ден син ми истури полна чаша сок на него и преживеја. Добро, малку потоа лепеше тоа хоум копчето, ама до сокот е, не до телефонот Се на се, мене ми е супер И меморија и камера и екранот.
И кога ќе го видиш крајниот исход...телефонот ти испаднал 500 евра. А редновна во мобиларите ти е 300 евра. Така повеќе давате пари. Ама на народов не му е јасно.
Ама во мобиларите како што знам треба сам да си ставаш кредит, а така на претплата барем си ги трошиш парите. Патем да прашам, кога го носиш телефонот во сервис да ти го поправат, со пин код, дали може да ти чепкаат слики пораки и контакти, ако е заклучен ? @Sky-butterfly Колку го доплати ти твојот, и колку ти е месечната претплата ? Нели е водоотпорен твојот ?
Па нели само го плаќаш телефонот не ти даваат картичка, и ти после си ставаш твоја картичка и си ставаш колку сакаш кредит ?
Не го доплатив, купив од мобилара нов. Хмм како водоотпорен? Влезе сокот малку кај копчето, па кога го притискав малку шкрипаше, од шеќерот, ама добар е сега Јас инаку сум претплатник на Оне, имав и демек бонус 5 илјади за телефонот, ама сепак тие тоа го урачунаат во цената и пак ти излезе поскапо да купиш од кај операторот.
Мислев водоотпорен дали е.Не сум запознаена со тоа мобиларите, тука мислам дека ги нема кај нас.Епа и мене ми се истурал од сок, па со влажна сум го бришела.Ќе го притиснам копчето, и ќе пробам да го избришам.Или ако уште лепи, однеси го да ти го отворат.
Од оператор да. Ама во приватна мобилара нема картичка. (ако мислиш за Сим картичка) Во мобиларите нема за плаќање со рати, освен мобиларата ако не е врзана со некоја банка што дава да се плаќа со рати. Го купиваш телефонот и после си расчистуваш со банката секој месец. Јас никогаш не сум зимал со рати. Не за телефон, туку за било што од техника. Убаво ќе ви дојде кога ќе си плаќате по 400 денари месечно. Но ај соберете ги на крај тие 12/24 месеци што сте го исплаќале телефонот и видете колку ќе е сметката и видете во мобилара колку е редовна цена.
Або да не треба да ви нацртам. Водоотпорен е само Samsung Galaxy S5. Другово што гледате Sony и другиве модели не се водоотпорни !!! Отпорни се само на капки дожд и влага.
@Winter Lady Не ме разбираш. Ништо не му, нема потреба од отварање, само дадов пример. Не се расипува телефон од толку малку, а за водоотпорен кажав дека смешно ми е малку да кажам дека телефонот е водоотпорен. Што знам никогаш не го гледав телефонот на тој начин, не ми треба "водотпорен" телефон. Секој добар телефон е колку толку издржлив, ако разбираш што сакам да кажам. @Marick14 мене да не ми кажуваш за цртањево?
Кажувам само на тие што мислат дека сите телефоните на Сони и некои други модели се водоотпорни. Ако и ти си со истото мислење, тогаш и за тебе се однесува.
Поновиве телефони сите се водоотпорни, само има некои кои имаат да се затвори дупчето за полнач и можеш да ги бањаш што се вика и под вода да ги внесуваш, а на другиве капки дожд или сок не може да им наштети само да не навлезе кај што се става полначот.
Јас како што кажав мислам дека тука кај нас нема, и јас секако дека ке земам на претплата, како и секогаш.Па убаво е а мислам дека мојот ке биде околу 850 претплата, така и не е баш убаво хаха.Океј Марике не се нервирај, само прашав.Ако не те мрзи можеш и да нацрташ Што се изнервира толку Скај, не реков дека ќе ти се расипе телефонот, реков ако не сакаш да ти лепи, јас не би сакала.Разбрав што сакаш да кажеш.
Јас си земав од Нептун Samsung Galaxy A7, телефонот беше 30.000 ден. Ама во тој период имаше некој попуст и го земав за 26.000 на рати.. Имам камата од 2000 ден. Така да кога ќе видиш за таков телефон и таква сума 2000 ден не се ништо
Отвори на Пазар3 и види колку пари е тој телефон. Ти не што си го платила, туку и си го преплатила. 350 евра (21.500 ден) е тој телефон по мобиларите. Многу си го платила. А и плус камата 2.000 денари не е малку.
Значи пред 7 месеци телефонот во сите мобилари беше 30.000 ден. Сега е 21,22 000. И не, не сум го претплатила, башка 2 години ми е осугуран телефонот преку Нептун во Uniqa во случај на кражба или да го загубам
Е баш убаво штом ти е осигуран во Уника. Јас сега моментално имам спор со нив. 3 месеци си ги чекам парите и ме вртат секој ден дека се разгледува предметот. Уника е компанија која работи во минус и е во пад. Така да не се дигај во воздух дека Уника се јака компанија и доколку ти го украдат тие ќе ти ги обезбедат парите. А за телефонот да си го најдеш пак не ти треба Уника, туку полиција. Уника немаат машина со гпс за пратење на телефонот каде е. Како второ недај боже да ти се расипе телефонот. Нептун ќе те влечкаат со месеци за гаранцијата. Тие немаат нивни сервис туку ги прават на друго место. И да, си го преплатила. Ти ако ги гледаш цените во оператор, тогаш да, толку беше телефонот кај нив пред 7 месеци. А во обична мобилара беше 400 евра максимум.