лично..и онака здосадени ми се..повеќе за ало-ало ми е тел ..не му се замарам ама моиве некако имаат желба за мобилни ептен, па коа веќе ми е дадено да бирам си бирам асален модел ..сони ериксон (xperia) и нокиа ми се најонака марки
Порано колку се замарав со телефони дури не ми се верува..Врвот ми беше дека се кренав до Белград да ја купам Нокиа 7373..пошто кај нас ја немаше. Ја платив тон пари (со истите денес i Phone4 ќе купам) ја пазев ја чував за после 3 недели бившиот кретен од дечко да ми ја фрли во бокал вода Е толку беше. Престанав од тогаш фанатично да се замарам за телефони сменив уште 2-3 и сега имав ЛГ Арена на тач али покрш телефон амин!! После година ипол користење почна да кочи се расипа софтверот и ај чао! Канта. Значи сеа си барам телефон. Најбитно ми е да има добра камера пошто си го зезнав и апаратот а не ми се купува и телефон и апарат. Значи јака камера да има и да не е ептен грд. Имам можност да купам блекбери од ВИП ама грдички ми се. Некој совет?Или предлог, мислење за еееептен добра камера?
Имав јас блекбери и препрезадволна бев, има доста интересни опции, фина камера (конкретно за 8520 зборам) батеријата држи и тастатурата е многу добра... Аа еве моментално си го држам во рака новиот iphone 4 Прекрасен е... Љубов на прв поглед
Никогаш не сум имала мобилен wow на гз да паднеш. Првиот ми беше негде 5то/6то одделение, знам. Имам некоја карма околу мобилните, многу не траат кај мене. Имам сменето милион, де ќе ми падне во вода, де ќе изгубам, ужасно бев неодговорна. Затоа паднав на Siemens A52 легендарниот и Samsung на преклоп ништо спешл. Би сакала поубав секако. Здравје!
имам нокиа не е луксузна но има се што ми треба.. мобилниот за мене е потреба да се јавам да ми се јават ова она..
Kupi si sony ericsson xperia x10 (ima i x10 mini i x10 mini pro) imaat dobra kamera ) inache spored mene sony e. nokia i samsung se najok tell
во рок од 7 години имам сменето само 2 телефони, т.е вториот го користам а стариот им го дадов на моите, Не дека не го биваше стариот ама ете сакав во боја на тач а плус и за нова година имаше поволни услови, задоволна сум од двата и не сум зависник од мобилен телефон, само по потреба се јавувам
Не сум некој зависник од мобилен,ама ете потребен ми е! Мајка ми сака да ми се јави после школо да види како сум поминала на писмената на пример! Ама тешко! Мене најчесто телефонот ми е зачукан под кревет и е обавезно исклучен пошто сиротиот нема батерија! А па кога е полн е на сајлент така да тешко човек може да ме добие Иначе од марките највеќе ги сакам нокиа и секако сегашниот мој (кој којзнае кај е во моментов)
АААААААААА .. не се замарам многу со мобилни но памтам пред 1 година кога го скршив мобилниот и ви се верува или не БОЛНА ПАДНАВВВВВВВВВВ !! Неможам да си поверувам ама ете за среќа по 2 месеци си купив ист таков Нокиа 5800 . авввввв НАјмногу си го сакам од СЕ ! Никој друг неможи да го замени http://www.google.com/imgres?q=ноки...5&tbnw=202&start=0&ndsp=30&ved=1t:429,r:3,s:0
не сум нешто по мобилните и повеке ми се свиѓаат старите модели отколку новите што се на тач , поготово и имам мерак на НОКИА 7373 (златната боја) ,имав таков ми го украдоа а сега неможам никаде да ја најдам таа боја скоро повекето се розеви а не ми прават кеиф ич
Јас моментално имам sidekick Амерички телефон го нема во Македонијава али сега ќе си купувам iPhone 4
Бидејки татко ми е на сметка и сеа му следува бесплатен телефон јас гледав во каталогот и од сите најубав ми беше сони ериксон
Цел живот сум имала различни телефони, но сепак за најдобри ги сметам самсунгот. Мене лично најмногу ми го прават меракот, и најубави ми се, сега пред некое време си купив нов самсунг, некоја копија на блекберито и супер ми е, одлично телефонче.
Имам nokia n97 и sony ericsson-xperia,ама сакам да ги продадам и да си купам на старо iphone 3 или 4.Ако знае некој за продажно место и која цена се,нека ме извести,може и лп,за да не бидеме офф топик.
На старо мислам дека не можеш да најдеш во некој продажен салон. Распрашај се во твојот град кај оние што поправаат телефони. Е сега за тројка цени не знам, ама е доста ефтин, а четворка испод 400 евра, евентуално 350 ама тоа би бил некој оштетен, нема да најдеш. И јас ќе купувам ајфон 4, ама си го нарачав од Америка, пошто овде ми се скапи, а стар не сакам... А тебе ако не ти се брза почекај дури да излезе петката па тогаш ќе им падне цената на другите модели...