Неможам без телефон...Сакам да си купам од поубавите,ама не ми се даваат толку мнолгу пари Сега сум со кантава од телефон/марка LG
Во AMC, Neptun, T-Mobile, Vip One, Setec цените на телефоните не се исти како во приватните мобилари.
Телефонот го земав и на сите топло им го препорачувам. И предната и задната камера се супер, има доволно дури и предоволно меморија и воопшто не кочи. Се си работам на него и баш сум задоволна. Доколку некој се двоуми за овој телефон немојте воопшто, супер е
Си го земав јас samsung grand prime прекрасен телефон, прекрасна камера, големина, ви го препорачувам, вреди за парите. @_malechka_
Си земав и јас и не сум задоволна ич. Валда мене така ми се погоди. Ми викаа дека ме слушаат како од бунар, а почнав и јас да не слушам ништо. Го пратив на сервис и ми ја сменија матичната плоча, и повторно не работеше како што треба. Еве сега 2-3 дена е добар, може за викенд не зборев многу. ќе видиме ако не пак на сервис
Немора да значи дека е матичната. Може да е до многу нешта. Слушалка, микрофон, сим картичката (ако е стара минимум една година може да прави проблем, како прекини во разговорот, да не се слуша ич и тн), а може и нешто на плоча да е. Може има прашина во слушалката и микрофонот. Тебе ти го дадоа ли расипаниот дел кога ти го поправаа телефонот?
Не ми го дадоа расипаниот дел :/ . Си сменив и картичка пошто имав нано картичка претходно си земав сега микро картичка но и тоа е џабе А за слушалките ми текна и мене но тие од сервисот валда треба да го проверат целосно телефонот нели
А од кај знаеш дека ти смениле плоча? Ја виде ти расипаната плоча? Колку пари плати за поправката? Во кој сервис ја однесе? (ако е во Скопје де) Тие сигурен сум дека не ја ни погледнале слушалката.
Па така ми рекоа, дека е сменета За попрафката не платив ништо затоа што имам гаранција. Односно во Мк Телеком ме имаат во систем дека ми е купен телефонот пред 1 месец(ја изгубив фискалната). А со тоа што ме имаат во систем ми следува бесплатно сервисирање во рок од 2 години, но не ми следува нов телефон затоа што ми бараат и оргинал слушалки и кутијата плус фискалната. А сето тоа го изгубив за жал Мобико- Mobico(Скопје) е сервисерот, они соработуваат со МК Телеком. Ќе го однесам повторно на сервис, ќе побарам да ми ја вратат старата матична плоча, не дека ќе ми ја дадат но барем ете да знаат за следно дека ќе барам доказ. А ќе им напоменам и слушалките да ги проверат.. Фала ти што “ми ги отвори’ очите
Добро е што ти е под гаранција. Иначе Мобико се едни од најскапите во Скопје за сервис. И долго се чека кај нив. Ама чим си завршила работа ок е.
Слушав музика на youtube и одеднаш се исклучи сега несака да се уклучи што да правам Иначе samsung galaxy grand pirme е телефонот
Јас и близок имаме земено телефони од таму. Веќе една година го имам мојот и супер е. Даваат 1 година гаранција. Цените им се слични како и во сите мобилари.