Неодамна го зедов Самсунг галакси гранд дуос I9082 . До сега сум задоволна . Предната камера е 2 мп а задната 8 мп . Ми се допаѓа што сликите се доста чисти .
Јас имам xiaomi redmi note 2. Си го нарачав од алиекспрес за 8000 ден. со 13 мегапиксели задна камера и 5 предна. Слика екстра добри слики, има 2 рам, место за мемориска картичка, може да се користи 2 сим картички. Го имам година дена ни дс ми закочи или слично. Презадоволна сум. За тие пари со вакви перформанси во мк нема. Единствена мана е што ако се расипи некој дел неможеш да ги поправиш пошто во мк го нема на продажба а со тоа нема ни делови. Ама и да се расипе баш ме брига, ефтин е нема да ме боли, нов ист ваков ке си нарачам и пак во ќар ќе бидам наместо да купувам од мк тел со исти перформаснси што веќе ги имам а да платам 20 000. Е сега глупа, непозната марка бил... ма к*р ме боли шо е глупа марката кога телефончето е БОМБА!
Во огромна дилема сум, помош. Се двоумам меѓу samsung galaxy j3 2016, i galaxy j5.Од една страна ј3 е нов,подобар дизајн и се тоа, али па ј5 има блиц на предна камера а и задната камера му е 13мп, додека пак кај ј3 е 8мп.Во се друго се исти, само што ј5 за нијанса е поскап. Секое искуство, препорака е добредојдено.
И јас ја имав истата дилема. Прво нарачав ј3 но потоа се предомислив и земав ј5. Телефонот е супер камерата му е супер. Сега за сега сум задоволна многу
дечки може совет ? некое телефонче (претпочитам sony или samsung) со многууууу добра камера и со мин. меморија 64 gb.
Меморијата не би требало да е проблем ќе си купиш мемориска и решена работа инаку за фирмите сони ти се добри е сега не би ти го препорачала од сони оној аква ( водоотпорен шо е ) бидејќи братучедка на мм го има и се пожали од предната камера ( девојчето има 8 години и не знаеше да ми објасни , вели темна е не се гледа ништо после 6 часот ниту на дневна ниту на вештачка светлина ) . Сум имала сони од постарите модели уште на времето додека сони и ериксон беа во коалиција го имав Sony Ericsson VivazPro Спојлер: Сони и бев презадоволна и од квалитерот на камерата ( 5мп е само задна има со блиц ) 8мб мемориска картида и не кочи ич бидејќи нема андроид . Меѓутоа сега ги нема овие модели се 2010-2011 година освен половен а верувам сакаш нов . Моментално имам самсунг галакси гранд дуос I9082 . Задоволна сум од чистите слики . Има можност за две картици но капацитетот на меморијата не можам да ти кажам колку е бидејќи кога го купував и не ми беше важно малку ми кочи со оглед на тоа што е половен бидејќи немав можност за нов а и син ми го зема и игра со него барем да не ми е жал ако го тресне од земја
Јас само да ви пишам дека ич не сум задоволна од мојов телефон LG G3 , го имам 1,5 година пред 5 месеца почна да се рестартира постојано па излезе проблем со батеријата , па сега пред месец ипол се расипа главната камера се покажуваа линии па несакаше да се уклучи, и сега еве го на сервис 5 дена којзнае дал ќе го оправат. Го земав 350 евра искрено воопшто не вреди првпат имам тел ЛГ и според мене се крш телефони. Сега планирам да земам некој Самсунг , ј5 го меркам , ако пак нешто ми зезне мобилниот не го поправам веќе воопшто
Здраво, да прашам дали некој досега купувал мобилен од Анхоч и како е задоволен од таму, исто ако поседува некој од вас galaxy S5 ќе може да ми каже како е задоволен со перформансите, камерата, батеријата, Фала многу
Jas sum musterija na anhoch od 91 god.kupuvajki go prviot kompjuter.Od togas se sto moze da se kupi od anhoch go kupuvam i dosega ne sum imal nikakvi problemi so uredite.Anhoch ima grupa na renomirani firmi sto ponuduvaat .Uredite koi gi nudat se prilicno dosta kvalitetni.So sreka vo izborot.
Samsung Galaxy J5 според мене. Разликата и самата ја знаеш, камерата и андроидот.Кај ј5 се апдејтира до 6.0.1
Другарка ми има Самсунг Галакси Ј5 и е многу задоволна од телефонот.Го има 1 година и телефонот е како нов.Не кочи, камерата е добра телефонот е водоотпорен можеш слободно да го користиш под вода.И батеријата и држи.
Фала многу што сподели искуство од таму, пошто до сега немам ништо земено од кај нив и не знаев дали имаат квалитетни производи, се надевам дека и телефонот што ќе го земам ќе биде океј како и производите што ти ги купуваш од таму, Поздрав
Јас користам Iphone 5s и топ е телефонот не е голем ич и ми го собира во рака таман ми е,и го имам веќе 2 години а планирам уште да го користам дека е сосема океј,има добра камера и не ми кочи, и ќе чекам да му падне цената на Iphone 6s Rose Gold тој многу го сакам
Не. Освен ако посебно не се заангажираат за да ги најдат. Девојки, J5 веќе ја нема низ Telekom и Vip, може да побарате само низ овие Anhoch, Neptun ако останало.