Јас имам проблем со мобилниов и ако знае некој нека ми помогне.Ми покажува дека телефонов е скроз полн и немам меморија за ништо а немам многу слики во него,песни па ич.Мемориската ми е скоро празна а кога пробувам да префрлам некоја апликација од меморијата на телефонот во мемориска картичка ми покажува дека и таму нема простор.Порано имав многу повеќе слики и чуда а не ми се дешаваше вака,сега наеднаш не знам што му бидна.Чаре некое?
Имаш опција во телефонот најди ја. Слики ќе ти избрише. Апликации после пак можеш да ги симнеш од play store
Дали на некој му се има случено батеријата да се испразнува неколку часа откако ќе го наполните. Имам алкател и одма се празни батеријата и се исклучува. Мислев дека е до батеријата меѓутоа сменив и друга батерија и истото се случува, а на друг алкател ја ставив батеријата нормално си функционира.
Јас би ти го препорачала Самсунг ј5 (2015).Го зедов сега брзо и препрезадоволна сум.Иако е многу под цената ти што си ја пишала, 10 500 е навистина вреди за секој денар.
Јас еве веќе со втор алкател што го користам имам проблем со батеријата. Менувам батерии, полначи, но никако не можам да откријам во што е проблемот. Ако може некој да ми помогне, ќе бидам благодарна.
Добар телефон е ј7 2016,али не се споредува со а5 2016,а5 е каде каде доста подобар,почнувајќи од дизајнот па до перформансите.
Дечки како сте задоволни од Blackview A8? Вчера купив, го има во Анхоч за 3880 ден. Али денес ќе им го вратам, ми се појави некаква жолта линија на сред екран. WTF продаваат???
Тоа се кинески телефони кој анхоч ги склопуваат сами,им стигаат во делови и сами ги склопуваат и брендираат.Враќај го тој шит од телефон.
Ќе одам после работа. Ќе го заменам со нов. Искрено не ми се зима после ова со линијава ама па поише пари не ми се даваат за телефон во моментов. Затоа и прашав како се задоволни оние што го користат веќе....
Здраво дечки....Јас сум нов овде......Сакам да земам Galaxy S7 Edge од Нептун...Дали некој го имал земено S7 Edge од таму дали е нешто послаб камера,да кочи нешто или?? 47,999ден е .. Некни бев чисто онака да прашам ово-оно, на кутијата пишуваше "Made in China" дали е копија или е ист како од T-mobile? Сакам да го земам на 48 рати пред нова година на попуст .. Па да ве прашам дали некој го има земено телефончето од таму дали е задоволен дали кочи, дали е камера све океј..??