Јас го користам моментално овај телефон и сум презадоволна можам да ви го препорачам и онака е доста тенок7.5мм(мислам) истата боја(златен), и доста ефтин budget telefon.Единствено најголема мана е што го нема во Македонија.
Епаа се подновив пред 3дена и фала ви многу. Супер е телефончево и ептен ми е мило што го земав него.(цело Скопје го свртев за да најдам златен) Имам едно прашање. Пошо ќе спијам вечер кај дечко ми а го заборавив пуњачот, можам да го пунам со друг пуњач? Да не се заебе батеријата пошо различна јачина едно друго. Иначе 2пати го имам скроз напунето до сега.
Кај нас дома вакви работи се забранети. Мора да си полниш со својот полнач. Ама јас кршам правила. Гледај само да не е често. Носи го со тебе полначот.
Со среќа да си го користиш,направи одличен избор на телефон. Гледај кога и да го полниш да биде(оргинален) полначот од било кој телефон,да не се само фејк и лоши полначи.Али моја препорака е да го полниш со оргиналниот полнач од самиот телефон,ова ти го пишува и во прирачникот на телефонот,дека ако го полниш со лош полнач и со различен не ти важи гаранција ако се случи нешто со телефонот.
можеш сама да го ставиш на reject list, при што на тој што те бара му покажува дека линијата е зафатена, а тебе телефонот не ти ѕвони воопшто
Инаку за полначиве, нема врска со каков полнач го полните се додека е оригинален, а не некој крш од 100 ден.. Или пак ако имате самсунг, со било кој полнач на самсунг.. Телефоните исто како и полначите се прават сериски, нема полнач што одговара само на еден телефон.. така да не се замарајте до толку..
Не ви е мал eкранот на тој А3 за тие пари?! Па и само 1,5гига рам има..и помалку од 2500mah батерија... Боље ј3 би земала, него џуџенцево
Конкретно за батеријата, еве го ми држи по 24часа без проблем со цело време чепкање(освен додека спијам), мене, на која што по 3пати полнење на стариот телефон и беше малце. А и како викаат, мало мало ама техничарче.
Дали некој го има земено, или познава некој кој го има земено, iPhone 7, да ми каже како е задоволен од истиот?
Па добро, најверојатно мене ми е мал бидејќи последниве 2 и нешто години не сум со под 5инчи, а најчесто 5,5, така да кога гледам во тоа малото а3 очи ме болат.. А искрено по спецификации не знам што гледате освен што материјалот за надворешна изработка не е евтина пластика.. ама за тие пари не вреди според мене, со тие спецификации. Но, секој со своите размислувања
Имам самсунг галакси а5(2015) ама батеријава стварно брзо се троши.Не знам што му е проблемот го наполнив ноќеска и сабајлево малку го чепкав и сега е 64%.. Некое чаре освен апликации како Батери Доктор?? :/
Нели не е све во големината? Секако дека вреди телефонот за сите пари до денарче,го користев долго време и бев презадоволен(соработувам со мобилари низ Скопје),имам користено над 100 телефони премиум.Конкретно за а3 2016,телефонот има одлична камера(некој луѓе дури не ми веруваа дека се сликани со овој модел),батеријата ја терав од еден ипол ден,до два дена.Кај телефонот нема сецкање нема кочење,изработката на кукиштето е премиум и одлична изработка,работи на најновиот андроид и уште ке го абдејтираат понатаму,со 1.5 гига рам работи пребрзо(нова технологија на рам меморија има) затоа и толку брзо работи,земи еден премиум телефон и земи го а3 2016 спореди во брзина и ке се чудиш. Сум правел толку многу тестови што главата веќе ми чури од телефониве искрено ви кажувам,премногу тестови имам правено и споредувано. Така да заклучокот е дека телефонот вреди за тие пари. Каде ја гледаше ценава? 230 евра се нови иначе отклучени фабрички на сите мрежи.