Исто мислиме Само што им пишав на АМЦ дали го имаат во црна боја зошто Сетек го немат. Ми кажаа дека го имаат и од таму ќе го земам.
Одлично, нема да погрешиш Телефончето е супер, верувај ми. Ги имам и Ј5 од 2015 и од 2016 дома, 2016 има поголем екран и подобри перформанси секако, ама супер се
Ме праша во темата како е телефонот. Ќе ти кажам дека било кој модел Самсунг да го земеш нема да погрешиш бидејќи телефоните им летаат. Колку само сакав бел од ј5 ама немаше имаше само црн. Има 2гб рам што е одлично ако не сакаш многу да користиш, да читаш книги или да гледаш телевизија. Јас на пример не читам книги преку тел, не гледам тв и одредени апликации што не ги користам ги бришам. Предната камера е 5мп со блиц малку пробав да видам како слика супер слики вади. Задната е 13мп е ја немам пробано. Со оглед на тоа дека го имам ј3 2016 свесна сум дека ми е скоро сличен. Од ј3 сум задоволна, а ј5 ќе видиме како ќе се покаже. @ЕденЧлен јас би сакала да те прашам зошто ми се ресетира телефонот ј3 2016 сам? На пример кога ќе ми закочи го ресетирам и се крева софтверот но со оглед на тоа дека ми е заклучен со шара, ја цртам шарата и стои така и не ми го пушта екранот и се се ресетира сам и пак одново и одново. Јасно ми е дека треба да го носам на сервис, но јас дали би можела да направам или откријам кој е проблемот?
Епа не си требала,затоа што последниот андроид прави многу проблеми,не само на твојот модел него на 80% од телефоните.
Однеси го од таму каде што си го купила,ке вратат постар модел на андроид,или можеби се работи за сосема друг проблем.Но најчесто овој проблем е ради новиот андроид,и кај новите модели на с7 и с7 еџ прави проблеми.
@Rabbit мислев ќе сакаш да го прочиташ ова. Доста корисно да се знае. http://preporucamo.com/samsung-galaxy-j-2016-recenzija/2016/05/10/
Iphone корисници, ве молам за помош оваа глупост од Iphone 5 што ја имам, ако не заврши од тераса надолу, ќе биде успех. Го уклучувам да се полни и си пишува дека се полни, ама процентите на батеријата се намалуваат до 1. И после тоа си се гаси и не се уклучува саат време. Ненормално е ова
Најверојатно батеријата е мртва.. Мене исто така ми правеше па во батеријата беше проблемот но најдобро однесиго на мајстор и ќе ти кажат што му е.
Од amc телефоните добри ли се? Не се копии така нешто нели? Си најдов 2 телефони од таму и се мислам На Leagoo се телефоните. Едниот е Leagoo M5, а другиот Leagoo T1 Некое искуство со телефониве? Кој е подобар?
Сакав да ве прашам дали знаете некоја апликација, или пак самиот телефон да има, односно да може си ги заклучам пораките, галеријата или некоја друга алатка? Иначе имам Ј7(2016), однапред ви благодарам.
Од playstore симни си ја AppLock. Имаш шара, пин и лозинка. Оваа е само за апликации заклучување. А за телефонот да го заклучиш целосно имаш во поставки.