http://www.google.com/imgres?q=samsung+ ... wAw&zoom=1 Најнов ми е ама само да прашам да не знае некој зошто кога ке се уклучам на интернет ми кажува немате доволно меморија а имам цела меморија дали знае некој што и како е? Фала однапред
Ајде и јас да ви ја претставам револуцијата на моите мобилни Првиот мој мобилен телефон, го наследив од брат ми Alcatel OT-311 Вториот мобилен, го добив во седмо, Sony Ericsson W200 Третиот што особено ми беше драг, и многу си го сакав го купив во прва година средно. Цел ми беше цакум пакум среден. И теми сама си правев за него, дури и за walkman плеерот. Го имав до сега, значи 2 години. За жал ми го украдоа Ех нема да го прежалам срцево.. Се што ми беше потребно од еден телефон го имаше, скромно и убаво. Sony Ericsson W595 И четвртиов сега само што го добив. Sony Ericsson Xperia X8 Не сум сакала многу тач мобилни, ама благодарение на овој ги засакувам Презадоволна сум за сега. Какви се апликации има од андроид.. Се гледа дека Сони Ериксон ми се омилени
Од вчера мојот нов Nokia љубимец. Nokia е мојата љубов веќе 15 години и не се откажувам/менувам за ниедна друга фирма.Пред некој ден ми се јавија од телефонската компанија што имам договор со нив и ме известија дека можам да направам upgrade на мобилниот телефон, а кога ги даваат за џабе телефоните секогаш го бирам најновиот модел.Да треба го платам самиот мобилен верувам дека сеуште би се шетала со основниот модел
Мојот прв телефон: Вториот: Третиот: Четвртиот (кој за жал си го изгубив на одмор кога бев ) И сегашните мои 2 омилени: и
Имам еднаш пишано во темава за мојот сегашен телефон, ама морам да кажам и за мојата мобилна револуција. Прото мое телефонче беше Alcatel, моделот никој не знае како се нарекува. Од сликата гледате дека е со антена и можете да замислите колку е стар. Го добив некаде во прво одделение, и го користев една година. Го добив од едни комшии, што значи веќе користен но, што е битно ако е користен мене ми беше само за да имаат моите каде да се јават. Немаше ништо освен пораки да пишеш и да избереш некоја уши-буши песна. Телефонов иако е никаков мене многу ми значеше и многу го сакав, еднаш кога го заборавив во маало се потресов затоа што мислев дека мајка ми ќе ме кара. Спојлер Следен телефон ми беше Sony Ericsson кој мислам дека го користев месец дена. Овој имаше „повеќе“ опции од првиов, имаше слики, полифонични мелодии, абе живи радости беше кога мајка ми ми го позајми, инаку нејзин беше. Што сè нема претрпено овој телефон, а до пред некоја година можев да го уклучам и да ракувам со него иако беше многу спор. Спојлер Следен на листата што ми го купија и беше добри 4-5 години мој, беше Nokia. Бев пресреќна кога ми го купија и многу задоволна. Имаше игри, можеше да си бираш теми за телефонот и welcome messages, имаше обични црно-бели слики и полифонични мелодии но, затоа имаше voice recording кој секојдневно го користев, секако камера и инфраред/блутут немаше. Е овој телефон заврши како го*но во тоалет шолјата. Леле за овој телефон колку плачев, вриштев, колку го сушев од водата, ехее. Мајка ми кога ме виде во таква состојба не знаеше дали да плаче или да се смее. Спојлер како тој сивиот имав Бидејќи мислевме дека на Нокиата и дошол крајот (ама се излажавме, до ден денес знае некогаш да се уклучи), истиот ден мајка ми ме однесе да купиме нов телефон. Воопшто не се ни мислев што телефон да земам, не дека се разбирав нешто од телефони, ама битно ми беше да има блутут или инфраред, камера и да може да се слуша музика. Така што го земав, Sony Ericsson k510i. Како и за сите телефони и за овој бев задоволна, ништо не ми фалеше, не ни планирав да го сменам, но сепак го користев долго време. Нешто посебно за телефонов немам да кажам. Нема некои посебни апликации или опции, но сепак на тие години не ми ни требаше нешто повеќе од тоа што го барав. Телефонот инаку уште трае (мајка ми секојдневно го користи) и уште си работи без проблем освен копчето за горе/доле и лево/десно што знае да зафркава некогаш. Спојлер Инаку претоходниов телефон го заменив лани во август, кога го купив сегашниот Samsung Star (S5230). Пред да го купам многу ми беше важно да има интернет, да има wi-fi, да има мемориска картичка, да има ова, да има она, а инаку телефонот нема ни wi-fi, ни интернет (иако има можност да се приклучам), ниту пак мемориска картичка си имам купено иако нависитина треба да си купам, ама никако да се решам за тоа. Сега повеќе ништо не ми е важно, важно ми е само батеријата долго да му трае ( за среќа трае), да можам да слушам музика, да имам камера со која ќе можам да фотографирам кога ќе ми треба, да имам порака да пишам и да се јавам и толку. За среќа, телефонов добро се покажа за моите барања и одлично си ги извршува. Единствено нешто што ме нервира е тоа што задниот капак многу лесно ми се вади и многу лесно може да ми падне и да го изгубам по пат. И не планирам да го менувам се додека не престане да работи. Спојлер Во секој случај, како и да свртиш, најквалитетни марки се Нокиа и Сони Ериксон, но според мене трет на листата по квалитет е и Самсунгот. И на крај се извинувам за долгиот пост, но морав да си се изјаснам.
Девојки можам некако да ставам пасворд на пораките ?Инаку имам Nokia c6 . Некоја апликација да симнам или така нешто ?
Зашто сите мислите деkа sony ericson и nokia се најквалитни мобилни тел,јас имам LG и презадоволен сум.
Не сум зависник, но дефинитивно ми се потребни. Приврзаник сум за Сони Ериксон и веќе долги години користам апарати само од оваа компанија. Во последно време ми прават мерак Блекбери-то па во план ми е наредниот таков да ми биде. Во моментов имам C903 & W205 Спојлер
пред 2-3 недели сакав xperia x8 да земам ама не испадна работата, а овој сегашниот телефон го имам 15 месеци
Отсекогаш многу сум ги сакала Sony Ericsson телефоните. И со исклучок на два Siemens мобилни, сите ми биде такви. На лизгање, со џоистик, со тач скрин - секакви сум испробала. Моментално го имам овој Sony Ericsson x10 mini И ако го загубам или ми го украдат - готова сум. Логирана сум на имејл, маркет, фејсбук, фемина, јутјуб и на еден куп други страници. Толку многу лични податоци и информации имам во него, како мало компјутерче ми е.
Јас не сум многу ќеф по мобилни, одсекогаш купувам Сони ериксон и сега што го имам овој ми е од пред 3 години и уште си го користам ништо не му фали Сони ериксон К550i дури не се расипи не купувам нов, имам така речено и си стојам на зборот а и ништо не правам само за потреба ми е да се јавам и да ми се јават, ни музика слушам ни игри играм ништо, ете не ми е ќеф
девојки ме интересира дали во МК може да се купи Vodafone 553 ама во овие бои да е.. и дали треба посебна порачка за него, и дали тоа се доплаќа.. сакам да прашам дали некоја од вас има ваков конкретно бело-розев и како се снабди со него.. фала однапред http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... Ag&dur=189
Мисла дека од истиов модел имаше во Охрид во Вип лани тој кај пристаништето Вип, само не беше таа боја, беше црн. Цена не знам. Ако мислиш на овој изгледа тој е штом е 553 само телефон ти е 5999 денари. Спојлер http://www.vip.mk/cm/gsm_adv_2/index.php?phoneId=189