Нa Play Store да го симнам или има друга процедура? Телефонов незнам од кај ми закачи вирус само ми се појавува нешто или цела бела слика горе со иксче за да се изгаси фала мн
да на Play Store симни го и можеш ако сакаш clear master мислам дека така се викаше да си симнеш ! и пиши дали ке успееш !
Кај нас од самсунгов S8+ сите бои ги има? Не сум била нигде да видам, а на страните на вип и телеком ништо за боја не видов..
@темјанушка Поврзи го телефонот со компјутер и кога ќе ти излезе прозорче стисни импорт фотос. Ќе почекаш малку ама сите слики ги симнува. Јас така пред некој ден сакав слики за да извадам, и ај викам се ќе ги ставам на компјутер посигурно. Кога тоа слики од незнам кога избришани ми се појавија. Кажи дали ќе успееш.
Тоа на сликата е 7ца, 6s има две линии. На изглед разликата е минимална. Дечко ми има таков и негов другар, другарка моја итн се немаат пожалено. Ич да не се мислиш, 6s е супер.
Исконтактирав со операторот и ми рекоа дека 6с повеќе не се набавува, а дали ќе има тогаш не се знае. Инаку 7ца не ми фаќа нешто око, но може и да се премислам. Имам време да размислам и да разгледам искуства па ќе видиме.
На изглед 6s и 7ца ти се 95% исти, не знам тебе што конкретно не ти се свиѓа. 7плус е бајаги поголем ама и поскап. Од искуство на другарка, ако си преку т-моб да си бараш на време, она за ајфон 7+ од декември порачан, преку врски и тоа, го зеде пред еден месец.
Што и да земеш нема да утнеш тоа е факт,значи како што кажав и во претходните постови.Разликата од 6с и ајфон 7 е следна: Ајфон 7 има подобра камера,подобри бои на камерата,побрз процесор,подобар чип сет,подобра батерија,ново хоум копче кое за среќа неможе да се расипе,или пропадне како на ајфон 6с,и плус уште една работа што ајфон 7 почнува со основна везија на 32гб,а на ајфон 6с почетна верзија е 16гб.
@LadyInTheDark како си задоволна со Huawei p8 lite здогледав дека си го купила во шпк а јас исто сум во план да го зимам неделава ..
па ако гледаш на дизајн иѕглед незнам која разлика ја има освен во антените на ајфон 6с и ајфон 7 ? кога се скоро исти на изглед
Да ти кажам искремо телефонот нема маана предната камера преубаво слика многу чисто и искрено да ти кажам многу ми го испофалија дека поубаво сликал од самсунг почисти излегувале и башка лицето го чисти доколку сакаш се подесува и има повеќе апликации во самиот телефон како филтри при сликање,за гифови правење (убрзана слика) за тестатура да си менуваш (јас планирав да симинам бидејќи смајлина не немаше но имало апликација симнато во самиот телефон swiftkey) и на двете камери има блиц. Преднава е 8мега пиксели, а задната 13. И што е најважно имаш мемороја во телефонот 16мега бајти башка што има толку апликации(некои што не ми требаат ги деинсталирав да не ми сметаат) .Темата е слична како на ајфоните што нема мени туку на лизгање на самата позадина на телефонот.Андрпид си е како и сите останати,голем е 5" инчен така што се убаво јасно се гледа и има симпатичен изглед тенок и долг Јас сум презадоволна па ако си го земеш него нема да згрешиш
И самсунг на самата камера имаат филтри,и бјути фејс,да ти го чисти лицето и да ти го смалува лицето. Поправка во твојот пост,нема 16 мега бајти(недај боже да има толку малку хахах) него 16 гига бајти
Неможеме да споредуваме никако самсунг со хуавеи да не се лажеме,ако имаш прилика рачепкај го с7 самсунг и ке видиш разлика. еве ја разликата помеѓу ајфон 6с и ајфон 7 Еве ви и на видео да ги видите детално разликите на двата модела.
Моја грешка за тоа не запазив само никонжј не рече дека на самсунг тие филтри ги нема! Стрикно му кажувам на девојчево за huawei дека преубаво слика и ги содржи тие филтри. А за сликите ми имаа кажано дека huawei почисти ги вади од samsung, башка и имам приметено дека samsung вади дебело лице како да надава килажа и човек изгледа дебело а huawei нормално ги вади. Се извинувам вака го поправам постов бидејќи неѓав појаснето убаво во предхпдниот
а кој спореди huawei so iphone хахахаха... Јас само темата сакав да и ја опишам на полесен начи како изгледа и распределбата на икончињата дека е како на ајфоните бидејќи нема мени и икончињата исто така изгледаат како на ајфон. Ништо друго не поомешав со ајфон А кога се работи и за ајфон и хуавеи јас пре би избрала хуавеи, ништо не му фали се си има преубаво си слика башка и мали се ајфоните не ми се свиѓаат.
Ај пак прочитај го мојот пост горе Реков ДА НЕ СПОРЕДУВАМЕ ХУАВЕИ СО САМСУНГ А НЕ СО АЈФОН. Секој е со различен вкус,и секој си бира според својте очекувања и според џебот нели
Со кој и да го споредуваме јас не го давам хуавеи ни за ајфон ниту пак за самсунг. И милијардер да сум не би дала толку пари за телефон. Башка сега се и во тренд huawei и се современи телефони. И сестра ми сега зема самсумг ј5 пак мојов повеќе го фалат.