@forumce имаш мемориска ставено? Баш како што кажа Ребека само пред фабричкиот рестат извадија картичката за да не ги загубиш контактите. Ако имаш мемориска ставено префрли што можеш на неа од апликациите или слики што сакаш да ги зачуваш, а потоа извадија и мемориската и започни го процесот. Откако ќе го направиш сето тоа види дали има и потреба од апдејт на софтверот.
Имам мемориска, ама кога пробам да префрлам некои апликации и слики не ми ги прифаќа, така си стое празна, а на тел. покажува дека немам меморија и за да симнам некоја апликација мора да избришам кеш меморија за да се ослободе простор. Многу мутав телефон, не сум задоволна ич.
@ЕденЧлен не го погледнав видеото,но ќе го погледнам вечерва. Туку дали ајфон претежно нема фри апликации туку скоро сите се наплаќаат од плејстор? @forumce тогаш пробај со фабричкиот рестат, па види како ќе оди. Симни clean master таа е најдобра што сум ја користела на Lg кога имав. Види во мои фајлови ако имаш што си превземала избриши. И на гугл хроме во историја обавезно бриши често.
Здраво. Уште неколку дена ќе одам на екскурзија на 3 дена. Проблемот е во тоа што немам доволно интернет односно имам 100мб што се троши за 5мин. Во хотелот нема да има нет а сите мои пријателки ќе имаат и јас нема што да правам цела вечер ((( Јас сум на постпејд и секој месец имам само 100мб па моето прашање е дали можам да ставам 1гб на мојов постпејд број или морам да земам некој друг број за да си ставам нет?? Иии дали нешто ќе се случи ако ја извадам постпејд картичката од мојот телефон?? Дали ќе се прекинат бесплатните разговори и 100те мб??? Благодарам однапред.
Здраво луѓенца, потребна ми е голеема помош, сакам да си го купам новиот Samsung Galaxy s8, гледав цени по нашиве мобилари и по продавнициве, Нептун даваат попуст на цената но проблемот е тоа што треба да имаш нивна Нептун haPPy картичка за да ти го дадат попустот. Телефонот е 55.599 а со картичката е 49.599 (5.000 денари не се малку пари реално(иако сум се решила да купам толку скап тлефон)). Па би сакала да ве замолам ако некој од овде ја има haPPyкартичка (ако сака да ми направи услуга) да ми пише ако можам да земам преку него БИ ВИ БИЛА БЕСКРАЈНО БЛАГОДАРНА
Можеш на твојот постпејд број да активираш дополнителен пакет на интернет. Појди кај операторот и кажи им кој пакет сакаш да го активираш. Тој пакет се наплаќа надвор од твојата постпејд сметка. Ако ја извадиш картичката од телефонот нема да можеш да вртиш и да користиш нет преку мобилни податоци туку само преку WIFI. Ако веќе не можеш да направиш пакет, замоли ги другарките да ти пуштат нет од нивниот телефон преку хотспот.
Мора ли да е од нептун купен?во мобилара го имаш за 750 евра или 46,000 денари,тоа ти се 9500 денари по ефтино од нептун.