Да да сменив малце аватар хахахах Доволна е мојот е 32гб,имам 6 видеа снимани во 4к резолуција,30 слики,18 апликации,и слободно имам 22,15гб така да доволно е за све имаш меморија.
Извини не го прочитав другото,500 денари се оргинал фолиите за на цел екран,а маските знаеш од 150 денари па нагоре.
збориш за 7 плус?да две дупли камери има,едната е за портрет модот,тоа е фукнција која ја имаат професионалните апарати,за макро да биде све позади што сликаш.
Да да, за ајфон 7 плус. Тек сега наидов на статија. Затоа и те прашав, се мислам меѓу златен и розев.
Дечки сакам да сменам батерија на iPhone 6, ме интересира дали сте имале искуство со менување по мобилариве и сервисите и како сте задоволни (во Ск). Ми ги фалеа Fix it па се мислам таму да го однесам П.с. Прва опција ми беше iStyle во Сити Мол, ама оргинална батерија е 8000 и нешто кај нив, а за неоргинална можело но не би било кај нив туку кај некој нивен човек што менува приватно што ми е многу ризично.
Пробај со Mobico од Скопје. http://www.mobico.com.mk/contact Првин јави се, прашај што те интересира за да ти кажат конкретен одговор. Или пробај тука. iButik.mk - 077 90 80 80 Прашај на овој телефон. Нормално не треба да ти е срам да се јавиш.
Дали некој можеби знае дали некаде низ Скопјево можам да најдам заштитно стакло за Huawei p9, но да е заоблено и да фаќа до крај, две имав до сега и зашто не фаќаат до крај поради заобленоста на екранот им влегуваше воздух и неубаво ми изгледа... Криво ми е ми падна и доле кај знаков Huawei ми напукна малку.. дека ми е без стакло некое време, не ми се става обично такво...
Колку часа треба да биде првото полнење на батеријата? Бидејќи имам читано негде дека овие литиумски батерии не треба да се полнат 12 часа и да се оставаат на полнач повеќе од тоа што му е доволно за да се наполнат целосно.
Здраво, поседувам Alcatel Idol3 што го купив во август од ВИП. Прашањето ми е следно - дали знаете за некоја мобилара каде со сигурност добро и евтино декодираат телефони? Не знам дали мојот е кодиран или не, не поседувам друга картица од Т-мобиле а од ВИП не знаат да ми кажат дали е кодиран или не затоа што веќе не е во продажба истиот телефон. Па ми треба мобилара ем да проверат дали е кодиран ем доколку е да го декодираат евтино и брзо, по можност уште истиот ден.