заинтресирана сум за самсунг галакси А5-2017 има некој да каже како е задоволен, да не се трчам џабе заш и не е баш ефтин хахахаха
Нема да биде утка тоа дефинитивно,затоа што телефонот е одличен и доста добар,сепак е нова технологија која е искочена во 2017 год,така да зимај и уживај
Xiaomi понов модел искочен 2017 год,поголем дисплеј,подобра предна и задна камера,подобра подршка на системот,повеќе меморија,повеќе рам.
Дечки, дали може кога ќе го исплатам овој телефон, овој месец, иако договорот ми трае до следната година ова време, да земам нов телефон? За од Телеком станува збор.
Некој што се разбира од телефони малце help Се мислам помеѓу Samsung Galaxy J5 и Lenovo K6. Никогаш неаме дома користено телефони на Леново, и не знам како се како телефони. Вака според спецификации тој ми изгледа како подобар избор. Некое искуство?
Мислам дека не може, 90 или 30 дена пред истек на договор можеш да го обновиш истиот и да си земеш нов телефон. Вип е вака, но не би требало да има разлика ни во Телеком.
Знaм зa oбнoвувaње нa дoгoвoрoт, ме интересирa сaмo зa телефoн дaли мoже дa земaм без oбнoвувaње нa дoгoвoрoт.
Штом вклучам камера на телефон ми се рестартира. Инаку се си е океј, што и да вклучам се функционира само камерата ми праи вака. Шо да превземам?
Мене вака ми правеше кога имав Снепчет инсталирано а не знам зошто. Провери и кај тебе да не е до тоа. Не е до камерата мислам туку некоја апликција прави проблем.
Не знам дали е темата тука ама морам негде да прашам Сум го селектирала фолдерот со сите слики и видеа од дечко ми,а само на телефонот ги имав на лаптопот не...Сум ги избришала сега видов..Дали може некако да ги повратам,многу ми е мака
Добивам порака на телефон дека имам интернет плус од минатиот месец, вкупно 16000 мБ - и тоа на 5-6 јуни беше, денес после 10 дена ми вика немам интернет. Дај советувајте ме, како е можно за десет дена да потрошам толку интернет ...а предтходно сум заштедила 8000мб, во овие 10 дена не правев ништо различно од она претходно, фејзбук и евентуално на гоогле ако сум отворила една страна која ми е потребна, но сум ја отварала и порано. Понеделник секако ќе им одам да барам образложение, но како овие два дена без интернет )