Ако некоја песна ја имам примено преку Bluetooth тогаш на позадина ми стои слика што исто така ја имам примено преку bluetooth, ако пуштам некоја што ја имам симнато, стои слика што ја имам симнато.. Прашањето ми е, како можам да направам да не стојат тие слики? Значи ја избришав сликата од галерија, а сеуште стои и стварно се нервирам пошто сликата е од интимен гел за туширање. Симнав и некои други слики со надеж дека ќе се смени со некоја од нив, ама не... Што да правам?
Разочарувачки,ја утнаа ептен ејпл работава,поготово со ајфон 8. Стар модел со нова цена,е тоа го направија со ајфон 8.
Еднаш имам земено т.е. го имав нарачано, и никогаш повеќе од таму. Мобилниот го добив во обична пластична фолија, без кутивче, без упатство , без ништо!!Само полнач имаше и гаранција. И тоа апла употребувано, се познаваше.
Таму се од втора рака телефоните па затоа валјда нема ништо друго освен телефон и полнач, инаку прашувам за квалитет на телефонот
Јас имам ептен лошо искуство со ледиком,преваранти невидени.Користен телефон ми го продадоа како нов,среќа приметив и се влечев 2 часа во дуќанот за да им докажам дека е користен телефонот,ме избркаа од дуќанот и ми го вратија парите.
Дали може некој да ми препорача добар сервисер за ајфон? Да не е некоја превара кај што крадат делови од телефонот, пошто повеќето тоа го прават
Јас менував батерија за ајфон 6 во FixIt, ја сменија пред мене за 3 минути дури и ми ја дадоа и мојата оригинална Ми ги фалеа двајца различни пријатели, ги послушав и не згрешив
Не знам во која тема друго би прашала,а и ми треба побрз одговор па за технологијава оваа е најјактивна Дали може од оние видеа со касетс што се оние старине дали може да се поврзаат со овие плазма телевизори? @ЕденЧлен ?