http://www.t-mobile.com.mk/public/default.aspx?id=72C8E0DC4A024166945740315F1F44CE имаш овдека споредба на телефоните па види кој опции тебе повеќе ти требаат.поздрав
морам да кажам дека поглупав телефон од овој немам сретнато! една порака да не може асално да се пише, се мачам три саати!
Strangewoman дали си задоволна од LG? Јас само што го зедов по една недела тачот ми се зафркна па ајде ми го преинсталираа одново и исто не сум задоволна од траењето на батеријата одма ми цркнува можда дека висам на нет
Јас имам Sony Ericsson К550i и за ништо не го давам! 4 години ќе прави на 29 декември Подарок: Ќе му нацртам нова шара, нешто зимско Ич не ги сакам оние на touch. Замараат, таман си напишал нешто, несакајќи ти се мрднал прстот и си направил delete на се... и после? Дугме си е дугме! Барем имаш осет дека допираш нешто И да, никаде не мрдам без телефон, бидејќи ми е потребен за да видам колку е сатот, да сликнам нешто, да се чујам со љубениот и колешките. Навистина, потреба е. Е сега, не дека не сакам некој со прекрасна камера, ама не можам да одделам сега пари за тоа... а и искрено не ни ми се присакало да купам нов Ама што.. кога ќе ги разгледам брошурите се нешто на touch е, со голема цифра пред него... Барем овој кога ќе ми паднит, не го жалам И најважно: Никогаш не би се откажала од Sony Ericsson
Нокиа си е нокиа. Нема тука што. Стварно се квалитетни. Како и да е, ако некогаш излезам и немам мобилен со мене, абе како нешто да ми фали. (значи тоа ако сум го заборавила некако, сум мислела дека е в ташна, и оп, нема гааа... ) Не сакам воопшто тач мач, не се за мене. Се нервирам коа пишам порака на нив. И плус, како што сум несмасна, нон стоп ми паѓа мобилниот од рака, така да тачот кога би го имала, уште првиот ден би му рекла рест ин пис R.I.P Така да моментално си иам некој си алкател од тречо пееста, ама најмногу си го сакам. Дури и татко ми се понуди да ми купел друг, али не, овој ми е во душа. Шо ми вика другарка ми, "кај одиш со овај кантател " Битно ми е да ме служи, пораче, да се јавиш и тоа. За сликање си имам апарат, за музиче MП3. Не сум љубител на скапи мобилни, каков е таков е.
Мојот е Sony Ericsson W205 и морам да кажам дека после три мобилни од истата марка од кои бев презадоволна ,овој ме разочара.И сите што купија исти мобилни ко мојот за кратко време ги заменија. Не знам што пратка ќе беше ,сите со софтверски проблеми. Не можам да ставам тема ,автоматски се менува оригиалната од телефонот ,музика ,позадина такоѓе. Барем мемориска има ,ако ништо друго ,уште со неа не почнал да ми задава тегоби. Претходно тие што ги користев беа буквално тероризирани , па и ден денес функционираат како нови. Не летам по скапи мобилни ,важно ми е да можам да направам муабет без да ми паѓа мрежа или да пишти за батерија на секој пола саат и да има доволно меморија за да ја пополнам со омилените песни . Мобилни со екран на допир мразам ,многу ми се убави за изглед ,ама дугме си е дугме ,брате ,знам дека ја добивам бараната опција без да враќам десет пати налево надесно .
И мојот одма по 1 недела користење замина на поправка за тачот. Батеријата неможам да ја пофалам многу. Повеќе си бев задоволна со сониот.. А знам и други луѓе кои се имаат пожалано за LG ов
Девојки, јас имам Самсунг с5230, и исто како постовиве пред мене ми се измести тачот, е сега ме интересира, оти вашите беа LG, дали и на мојов е можно да се поправи некако??
Јас имам LG GT 540 и многу сум задоволна... Досега од сите телефони што сум ги имала овој ми е нај, нај и не мислам да го сменам никогаш... можеби и поради фактот што и мојот телефон е розов исто како на сликава... Еве како изгледа
Сакам малку полуксузни телефони, да не претерувам, не купувам некои прескапи, но сакам да изгледа убаво и да има добри карактеристики. Овој што го имам сега е преубав, а и со луксузен дизајн, 5 мегапикс. камера со блиц. Го купив од Италија Но сега ќе купувам друг, денес го видов, многу ми се допаѓа!
Ме интересира дали има некои сервиси за мобилни што откупуваат мобилни телефони, имам повеќе дома кои не се во функција поради нешто, но останатите делови се добри. Ако некој има таква информација нека каже. За џабе ми седат дома 3-4 телефони, а така ем ќе се решам од нив ем може ќе има пари за нова футрола