Пробај мастер ресет, на с7 имав проблем со тоа, само мастер ресет, и место пребарувачот на телефонот, chrome користи го и блокирај поп-ап во самиот пребарувач. Мене само ова ми успеа...
Да не имаш правено root на телефонот? Обично е од пребарувачот или некоја апликација со вируси што си ја симнала..
Најдов што е. Кога сум симнувал апликации што не се од Play Store, се симнала апликација, без име, без сликичка, ништо... и преку Clean Mastеr ја избришав. Фала ти!
Зависи од каде планираш да го купиш. Мои предлози: Huawei Mate 10 Lite, Huawei P10 Lite, Huawei P9.. Во овој price range би одела со Хуавеи, пошто се стварно предобри за парите. Јас имам Samsung Galaxy S8+ и се мислев меѓу него и Huawei P10+, поубав дизајн ми имаше Самсунгот и затоа го одбрав. Претходно имав Huawei G8 од Т-мобиле, тогашна цена 25 000, бев презадоволна од него, и после скоро 2 години не мрдаше во брзина и сл. И сега го користат тој, си работи супер. Но Самсунзите во тој price range лично за мене се покажале како повеќе марка, него квалитет. Ако си за Самсунг, пример, оди co А линијата, на пример Galaxy A5 (2017).
Ако не си купила до сега, ја би те советувала да не купуваш телефон на старо, особено не за 250 евра. Не се малку пари, можеш да купиш добар телефон на ново. Зошто мора да е ајфон? Од каде знаеш на каков ке налеташ? На око можеби е океј, ама што ако, да речеме, еден звучник не работи? Самсунг А5 (2017) Поскап е, 33,000 е нов во Нептун, S7 во Ледиком е 28000, ама ја не би купила телефон од таму.
Не знам, до сега не сме имале никаков проблем со ниту еден телефон од кај нив. Навистина само за ОАЕ се произведени, ама не сум размислувала зошто така
Немора да значи дека, би требало да има мана, некоја додека го користиш, обично ги земаат и ги поправаат! (а башка па друго, едно што го ценам е тоа дека се произведени за ОАЕ..) затоа што да има и една малецка гребнатинка, му го враќаат одма назат, и нормално после одат на нашиот пазар.
Може. Баш од кај нив сме купувале од најефтини до најскапи телефони, со ниту еден немало нешто чудно. А се пониски цените во однос на другите продавници. Најисплатливо е секако со договор кај операториве, нели субвенции, ама ако не ти треба договор, туку само телефон, Ледиком имаат доста пониски цени.
Грешка си, баш и нај не исплатливо е од оператор да земиш телефон, ем тоа со субвенциите му е измама добра ем други работи. Ако си за претплата, одиш си земаш на неопределено бројче (ем поевтина претплата ем никој за врат не те држи) И ако сакаш пример високо буџетно телефонче, ке си појдиш во некоја од попознатите и популарни продавничиња и ке си купиш! Како на пример, си појдов до АМЦ пред недела дена, кредитната картичка.......... ми го спакуваја С8цата и пријатно со здравје (барем знам дека нема двојно да го платам)
Ледиком имаат најниски цени, а штом секаде телефоните имаат цена која се разликува за 1000, а кај нив телефоните се за 100 евра поевтини, мора да има нешто. Инаку, при проверка на кодот кој го има секој мобилен, излегло дека мобилен купен од Ледиком е фејк. Ова го кажуваше другар на брат на наш другар. Е ако лаже он, лажам и ја. Купи си телефон од Нептун или Амц, или пак операториве и мирна глава.
Самсунзите што се од Ледиком можат да се регистрираат на Самсунг како нивни производи. Ова 100%. Сега, Хуавеи, Ајфон итн... не знам, можно е. Дека им "смрди" им смрди, ама повеќе на шверц ми личи мене