Незнаев каде да го поставам прашањево. Како можам истовремено да слушам песни на youtube и да бидам укл на фб ? Поточно на samsung galaxy s7 . Порано можев да правам така а сега не.
Под притисок се случи екранот од мобилниот да се измести. Не да се скрши, туку кога ќе се погледнеш на екранот одразот да е како накривен во левиот агол. Камерата е во ред, нема некои промени, но екранот е проблемот кој е придружен со една зелена дамка (се познаваат пикселите) во горниот дел од екранот поради смачкувањето. Гаранцијата нема да ја покрие штетата бидејќи е од екстерен фактор предизвикана, па се прашувам дали постои уште некоја опција каде можам да се обратам?
Имам Huawei p9, кога ке излезам надвор и ако е малку поладно батеријата лета.. се празни по 1% во пола минута мислам, за кратко време знае скроз да се испразни.. после дома кога ке го укл на топло има батерија до некаде зашто вака? Се штити нешто моб или нешто не е како што треба? Гледам имам некој + горе во батеријата.. поради тоа да не е така?
Имам самсунг с8 плус. Го земав од АМЦ. Само што го земав приметив дека виберот ми касни. Ќе ми пише некој и после 3 саати ми стига, но не секогаш. Отидов во АМЦ , ми рекоа дека имало фабрички проблем со нотификации, требаше да чекам месец дена за нов, бидејќи немаа во моментот црн (строго таков сакав) и ништо си го земав, не можев да чекам толку без телефон, а немав друг никаков за користење. Потоа проблемот почна и со фејсбук, мејл,сите нотификации ми каснат. Веќе 7 месеци го користам, не можам да го сменам веќе, но страшно ме нервира некогаш. Сум приметила кога ќе го ставам на полнач тогаш наеднаш ми стигаат сите мејлови и други нотификации кои не ми стигнале на време во текот на денот. По сервиси не сакам да го оставам поради лошо искуство.. Да не знае некој како може да се реши овој проблем? Инаку апдејт и се што треба на време си правам, не е до тоа..
Мислам дека не може. Има програмче youtube и преку тоа можеш така. побарај на play store - listen youtube in background, и ќе ти излезе.
Кај нас носат телефони пратени со фабричка маана,ако имаш уште гаранција однеси го на сервис, ако не на друго место плати си сервис , друг начин не знам. @lovemme Порано си можела затоа што си користела Самсунг Ноте
Личност. Мобиларите ем ти наплаќаат повеќе ем многу често ќе замаскираат веќе расипан телефон да изгледа пристојно а ретко враќаат пари за половни телефони.
Пред 2 месеца ми се скрши екранот,го однесов на поправка и ми го сменија екранот со се тач. Пред неколку дена ми се расипа микрофонот и го однесов во ВИП во сервис бидејќи ми е под гаранција. Ќе забележат дека е отворан телефонот?
Како па да не.. Има опција да гледаш/работиш ма две апликации наеднаш.. Само од аголот горе ја намалуваш едната апликација, ја пушташ другата и таа исто.. И си ги приспособуваш колкави сакаш да ти се прозорчињата.. Пример со хром и јутуб кај мене..
Јас потешкиот начин го објаснив погоре пошо ми е попрактичен. Полесниот е следниов.. на заокружените зелени кликаш..