Телефонот почна многу бавно да ми се полни, 50% едвај за 5 саати, во што да е проблемот во батеријата или полначот?? Имам Самсунг С5 Нео, втора година го користам не сум менувала ништо досега
До батеријата ќе да е, не го користи додека се полни.Испразни го до 5% и остави го да се полни до 100% без да го користиш.И не го полни навечер.Ако и вака не сака смени го првин полначот ако и така не сака менувај батерија.
Провери ја волтажата на полначот. Претпоставувам дека е со помала волтажа од онаа што и е потребна на батеријата
Зошто да не го полнам навечер? На полначот пишува 100-240 V, но со телефонот ми е купен заедно зошто да не би одговарал?
Во ред. Мислев го полниш со друг полнач, па затоа ти пишав да ја провериш волтажата дали одговара. Во тој случај го повикувам @ЕденЧлен како доста компетентен на темава
Батеријата ти е изгорена,земи си нова батерија.За полначот не се секирај,телефонот кога се полни сам конвертира струја колку сто му треба си повлекува.
Здраво дечки. Имам Самсунг ноут еџ, пишував пред некое време дека имам проблеми со него,испадна дека не е до батеријата, е сега скроз батиша. Го зедов од сервис и ми рекоа во Скопје имало продавници што вршат откуп на покварени телефони. Ако знаете пишете плс. Фала унапред Спојлер
Гледав кај овој дека екранот не е многу светол и камерата ноќно време не е добра. Според тебе за што е овој подобар?
Како што кажав во секој поглед Мате е подобар,и камерата е одлична. го користев 3 месеца,и е топпп телефон.
Здраво дечки имам прашање ако знаете Сестра и на мајка ми и подари ајфон 6 тел е супер се само батеријата не трае, на 40% сам се исклучува дали знаете дали доколку ја смениме батеријата ке биде ОК телефонот? Би благодарам
Здраво сакам да прашам дали има некој што користи Blackview A7, ili A10, моментално имам Blackview A5 па во план сум да земам А10 или А7 петката е одличен две години го користам ама ме предомислуваат за А7 и А10 па ако има некој искуство со ваков телефон добредојдени се секакви совети за овие телефони или пак препорака за некој друг модел. Ви благодарам
@ЕденЧлен имам самсунг с8 скоро 6 месеци,брзо се полни батеријата,но и брзо се празни.Значи вечер е 100%,а сабајле 78%.Незнам до што е проблемот.