Некој да знае дали можам да најдам стаклена фолија и маска за Huawei 20 lite на Зелен пазар? Или некоја мобилара поевтина. Не знам дали ќе најдам дека е нов модел
Телефон до кај 10 000 денари? @ЕденЧлен ако се сеќавам добро, тебе ти даваа телефини за проверка, можеби имаш некој предлог?
Galaxy j5 2017 Ја не би го менувал,иако е понов модел,и за нијанса подобар,али сепак самсунг е самсунг.
Пред некој месец го земав овој Спојлер: Xiaomi mi a1 Се двоумев помеѓу овој и Самсунг ј3 Ме советуваа дека овој као подобар. Сега за сега не е лош. Камера перфектна. Вајда не се сјебав
Се работи за ајфон и самсунг( самсунгот е с7 а ајфонот 5с) Сопственикот на телефоните почина.... А ајфонот се отклучувал со отисок на прст или алтернативен пин.....А самсумгот само со пин...Е сега не ги знаеме ни тоа ни тоа.....Кажете ми доколку ги однесеме да ги отклучат дали ќе се избрише се од телефоните? Постои ли начин да не се избрише макар и поскапо да се плати? Многу е битно пошо сите информации се на телефонот и се поврзано со неговата работа што ја работеше...Што сега некој мора да ја продолжи....
Имам Huawei P10 донесен од странство, а и таму е декодиран за да може да работи и со нашиве картички, но проблемот е што не можам да направам system update ми излегува некој линк и не може да се направи update ниту да се направи фабрички ресет. Дали нешто не е добро направено со декодирањето или не знам што, па сакав да прашам дали тоа некако може да се среди за да си функционира како што треба?
Купив нова батерија и пак беше истото па ми текна да го полнам со полначот од таблетот, ми ја наполна батеријата 50% за пола час.. Фала што ме посоветува да фрлам 800 денари за нова батерија
Тој полнач е послаб од полначот на телефонот, таблетот го полнам 24 часа па спрема тоа логично ми беше дека нема да брка работа. Арно ама полначот од мобилниот цркна и немав друго чаре морав со нешто да го полнам макар и да го чекам 24 часа, кога оп го наполни за пола час.. Не се разбирам во овие работи затоа побарав помош тука сметајќи дека има некој поуходан..