Не, сега сликав пак и океј беше ако пак се зезне ќе одам на таа варијанта.Ако е пак по старо f*** it така ќе функционирам.
добро утро,ми треба помош каде можам да откодирам АЈФОН 8ца,купен во Америка и не прима МК картичка,ве молам за помош.благодарам
Да ми кажете кај да најдам маска за Галакси А8 2018? Воопшто нема избор низ мобиларите, дали дека моделот е нов не знам, но освен многу тенка и мека силиконска маска не најдов никаква друга а таква не сакам. Не мора да е модерна, барем да биде подебела. Тенките не ми вршат работа.
На зелено пазарче имаш еден куп маски за а8,и на зелено пазарче пред влезот,имаш грин мобиле за маски имаш и таму влези доле по скалите ке го видиш.
Супер е, само изгледа серија на слаби батерии. Прилично брзо се троши. И од други имам слушнато за истото.
Имам Samsung s6. Добар телефон е ама батеријата му е катастрофа. Имам 15% се јавувам на телефон 3%. Да си пукнеш. Инаку дефинитивно следен ми е Iphone. Може ке дадам повеќе пари но знам дека нема да згрешам.
Тоа е нормално кај секој телефон,батеријата е потрошен матријал,кој се состои од келии,тие келии се трошат со текот на време и користење,секоја батерија има програмирано работни часови,кога ке поминат работните часови се менува батеријата.Немој да мислиш дека кај ајфон тоа нема да се случува после 2-3 год користење на телефонот.
За таа цена Google Pixel 2 XL по мене е подобар телефон. Не знам што преферираш, но за 800 долари добиваш супериорна камера спрема останатите.
http://imagazin.mk/pokanite-za-ovogodinesniot-keynote-pristignaa/ Официјалната покана за овогодинешната iPhone Keynote презентација излезе. Како што веќе очекувавме настанот ќе биде одржан на 12 септември. Местото и времето исто така не не изненадија. Овогодинешната презентација ќе се оддржи во Steve Jobs театарот во седиштето во Купертино, со почеток од 19 часот.
Неможеш да споредувај иос со андроид,различни оперативни системи се.Но во овие два модела,нема сомневање п20 лајт е победникот.Доста стар модел е ајфон 6,сеуште тера без проблем,но конкуренцијата го утепа.