Незнам што да ти речам.Кајмене си ги вади во нормала. Инаку ова со папкиве ме излудува,неможам и неможам да направам.
Неделава треба да си купам нов мобилен ама ми треба помош затоа што неможам да се одлучам помеѓу: SAMSUNG GALAXY ACE и SONY ERICSSON XPERIA X8 . Дали некој од вас има некој од овие телефони и ако има ако можете да ми кажете ваше мислење за телефонот,недостатоци,предности... фала однапред
Мајка ми пред НГ ми донесе нов. Не е нешто многу поразличен од претходниот што го имав, ама овој е со Андроид и има каде-каде подобри опции. Сакав да додадам, камерата му е 3.2 мп, ама некако лоши слики вади, полоши од Самсунгот со 3.2, така што се сомневам....
Ако имаш gmail адреса, логирај се на маркетот и побарај во апликациите Astro file menager. Симни ја, и преку неа ќе можеш да ги командаш папките.
Имам xperia x8 скоро година време и е одличен телефон - мини компјутер што би рекла. Се што ми е најважно во него е сместено,башка тоа што има андроид систем. Кога го земав негде читав пишеше дека има и 3G некаде пишуваше дека нема ама не се задржав многу на тоа. ^Сакам сега да прашам дали знае некој ДАЛИ и КАДЕ се продаваат маски за овој телефон оти ми се здосади бел Кога го зимавме војни водев со тие од Т-мобиле и со татко ми.Договорот истекувал морало да земам телефон а на розево ако сум сакала ќе сум морала да чекам многу време и не биле сигурни дали ќе ми донесат. Спојлер Не е важно тоа што на една пријателка за една недела и донесија исто розов. Си пукнав од мака па сега сакав на розево и не ми е гајле што како мало дете се лутев хее
на форумов некој да не има нокиа е71 ? сакав да прашам..кога некој ѕвони направен ми е на вибрации но има едно нешто што стварно незнам каде се исклучува (го кажува името на оној што ѕвони)
Најдов што е финтата, кога ќе го поврзеш компјутерот со мобилниот, влегуваш во DCIM, и во таа папка имаш уште една папка .thumbnails, ако од неа ги префрлиш сликите, ќе ти излезат со мала резолуција, но ако директвно од DCIM ги префрлиш, ќе ти излезат во голем формат
Ваков користам,Nokia C3-01 Touch and Type. Океј си е телефончето,се си има што ми треба,дури и повеќе функции И си држи батерија да,па и здраво живо е после толку паѓања богами.. Не сум многу по Нокиа,овој ептен у последен момент мајка ми го донесе,и искрено сеедно ми е каков мобилен ќе имам.Иако повеќе ми се фаворит сони ериксон.Нив само и ги користев предходно. Не се замарам со мобилни ама ич,дури знам да го оставам дома со денови да ми седи,а да не ми треба..
Јас имам Samsung Galaxy Note и премногу сум задоволна, ако некоја од вас планира да зема Ајфон би било грешка еве зошто: 1.Треба секогаш да го вклучувате во компјутерот/лап-топот ако сакате да симните некаква апликација 2.Спор е 3.Многу е осетлив екранот, одма може да се изгреби 4.Мојот губеше често мрежа 5.Ако ви падне тешко е да не се оштети нешто
Порано повеќе зависев од марки на мобилни. Сега не до толку, некако ми мина меракот. Кај и да е, ке си го сменам Алкателов, некако тачот не ми се допаѓа, а и ми здосади веќе
Јас имам Нокиа е71 и презадоволна сум, ја имам 2 ипол години, држи батерија 5-7 дена, никогаш не блокирала, и добра камера има...
знам дека моделов е еден од постарите но може знаете каде можам да најдам ваков имав мн оддамна па го заменив дека ми падна во водичка ако знаете кај можам да најдам информирајте ме позз
Девојки дај помогнето ако знаете неш кај има ваков тел си останав без тел а мене ми е неопхдно да имам тел.позз
Код: Јас имам Samsung Galaxy Note и премногу сум задоволна, ако некоја од вас планира да зема Ајфон би било грешка еве зошто: 1.Треба секогаш да го вклучувате во компјутерот/лап-топот ако сакате да симните некаква апликација 2.Спор е 3.Многу е осетлив екранот, одма може да се изгреби 4.Мојот губеше често мрежа 5.Ако ви падне тешко е да не се оштети нешто Karamella а каде го купи Samsung Galaxy Note бидејќи гледав по каталогот на T-Mobile и го немаа