Според мене Самсунгот, има подобра камера и сл работи.. Не е само за на изглед Еве неколку години ги користам самсунг моментално имам с8 и сум презадоволна така да нема да згрешиш..
Не постои телефон,смартфон без маани. Сепак има разлики.... Ајфоните се катастрофа,побрзо цркнуваат од другите марки,камерата не прави баш убави фотографии и не се баш сигурни и лесно се кршат,ако паднат од високо,сол се прават. Самсунг е многу подобра марка.
Не правам споредба ама многу глуп одговор и даде. Ќе ти болдирам. Секој телефон да падне од високо сол ќе се направи. Поздрав
Има разлика во степенот на оштетување. Ајфонот е и ризичен,луѓе имаат погинато поради неисправен смартфон.
Wtf??? Разликата е во дизајнот,чипсет,камера,батерија,во све е подобар ајфон 8,ајфон се,е многу малецок реално. Дај ми статистика каде што ајфоните побрзо се расипуваат те молам?дали знаеш дека камерите на ајфон се најприближно реални во бои,со професионалните апарати?Мојот с8 плус е со пукнат екран знаеш зашто?затоа што е по нежен од главче на штотуку родено бебе.
Не реков дека Самсунг се без маани,реков дека секоја марка има маани. Компанијата од која произлегува Самсунг веднаш си ги признава грешките во смартфоните и инстантно ги повлекува неисправните серии и плус се извинија на оштетени лица.Епл не,дури мораше куп луѓе да им се закануваат со тужби за да признаат дека имаат неколку серии фалични смартфони и опрема за смартфони. Ајфонот и да делува исправен на почетокот,после неколку месеци зезнува или со камерата или со батеријата или со двете. Правени се тестови врз неколку серии на смартфони и од двете марки,секоја од двете марки некаде е одлична,а некаде потфрла.Но на подолг рок Самсунг е поисплатлив. Сепак,крајниот избор си е на членката која сакаше разни мислења.
Искрено глупости пишуваш,врска нема ова што го кажуваш.Дај ми статистика каде ајфон побрзо се расипува од самсунг или било кој друг бренд.Ајфон има на ајфон 5 подршка на иос 12,дали знаеш што значи ова?
Поубав на изглед или поубав во перфоманси? Малку лошо ти е поставено прашањето. Јас корисрам Samsung и можам да кажам дека Samsung-ите се многу подобри хардвердски од Apple телефоните. На Apple им го плаќаш брендот, затоа и се најбогат бренд во светот.
до сега имам користено и ајфон и самсунг, моментално сум помеѓу Iphone 8plus Rose Gold и Samsung S9plus Lilac, неможам да се одлучам кој да го земам, до сега сум имала Samsung S8, iphone 7plus, имав Iphone X за 3 месеци го скршив, моментално незнам за кој да се одлучам