Дечки има ли некој искуство со ледиком? Мислам дека телефоните им се копија. Голема е разликата во цените со нептун, вип на пример... Да земам од ледиком?
Јас имам купено телефон од ледиком веќе една год го користам и работи перфектно , добиваш исто гаранција 1 год за телефонот .
Не знам дали е за тука прашањето ако не е нека го преместат. Имам многу меморија на мобилниот,немам многу слики ни видеа ни песни,а ми кажува дека немам доволно меморија......Како да го направам не знам ако знае некој нека каже
Добар ден ... Незнам дали е за овде прашањето но се надевам некој ке може да помогне Сакам да купам телефон од Ледиком , (станува збор за Iphone XS MAX ) , но гледам колку позитивни толку и негативни искуства има со нив . Дали некој има купено Iphone XS MAX од нив или било каков друг и какво ви е искустовото? Дали е сигурно да го купам од нивната мобилара или знае некој некоја друга по сигурна Ви благодарам
Ако купуваш веќе од кај нив,нека биде во фабричките фолии кутијата,ама врз кутијата ги нема фабричките фолии не го купувај,јас за толкава цена не би ризикувал од кај нив.Има еден куп други мобилари,каде што ке добиеш топ услуга и без превари.
За прв пат купувам телефон од Македонија и не знам од каде да купам , од операторите и салоните за техника цените им се астрономски , само во мобиларите цена имаат пристојна како во USA . Дали би можел да ми кажеш некоја друга мобилара
Не купувај ајфон од мобилара. Ќе дадеш 1.000 и кусур евра а нема да добиеш никаква гаранција. Во македонија ајфон само во ајстајл или по операторите. И не се лажете за гаранцијата на мобиларите. Демек исто е, и тие имаат гаранција една/две години. Тие ви даваат кај нив гаранција. Примеј ајфонот ако го купиш од ајстајл имаш интернационална гаранција, кај и да го однесеш ќе ти биде легална и признаена. А гаранцијата на ледиком е нивна, значи важи кај нив, ако му биде нешто тие ти го отвараат и чачкаат, не ти важи на друго место никаде. Затоа јас толку пари не би дала за телефон со сомнително потекло. Баш би сакала да дојдам до некое имеи од ајфон купен од нив, па да го провериме на официјалната епл страна како го дава
Дали знаеш дека секој ајфон во светот има интернационална гаранција?кај сакаш купи го според имеи,ти имаш гаранција при активација на самиот моб.А гаранциите што ги даваат операторите и мобиларите се заштитуваат од несакани проблеми.