Трепкање на екранот , малку пукнат екран горе , и која е дијагнозава со трепкањево? За самсунг 7с се работи
Некој да ти смени само флет кабел,ако се нафати затоа што ти е пукнат екранот,и при вадење може да испука цел екран,а не ти се исплати да го правиш т.е ставиш нов екран(7100 е нов екран за Galaxy S7),ке додаш уште 2000 денари,ке си купиш нов телефон.
А колку е поправка за флет кабелот ? Инаку сосема малку горе лево е распукан .. Фактички се појавуваат три линии како пречки и трепкаат ..
Не треба да е повеќе од 800 денари,со комплет менување.Сепак треба да се смени екранот,али скапо е 7100 за екран,половни с7 има за 150 евра.
Членката ме праша за моделите кој ги наведе,кој е подобар.А не го наведе А7,затоа и не го спомнав јас.
На ладно време ми трепка зелено само долниот дел од екранот (околу 1.5цм), исто така и кога е намален брајтнес на најниско. Ама ова само кога е зима го имам приметено, минатата зима исто, па преку лето ништо немаше, и сега еве пак... Пример по дома е океј ама ако сум надвор неколку саати, трепка. Исто така ако е на ладно подолго време кога ќе го стиснам power копчето не се пушта одма како дисплејот да не работи, само тие back копчето и тоа другото до home button-от светнуваат, па уште 2-3 пати го стискам power копчето и прореагирува и дисплејот. Исто само зимно време и ова го прави. За Самсунг А5 2016 се работи инаку.
Сличен проблем имаат Ајфоните,на ладно се гасат,и батеријата им се троши на ладно ненормално брзо,сеуште неможат да го најдат проблемот,зашто е тоа така. Инаку прв пат слушам за ваков проблем на А5 2016,носи го на сервис,најубаво таму ке видат до што е проблемот.
Не го однесов додека имав гаранција затоа што се стопли времето и престана да го прави тоа па мислев ништо не му е... Ако е скапа поправката не ми вреди да го правам и онака не ми попречува тоа да го користам, а и во случај да стане скроз неупотреблив, повеќе ми се исплати нов да си купам и онака е стар 2+ години веќе
Имам самсунг а5 (2015) и еве колку ме служи и бев многу задоволна. Арно ама батеријата не е како што беше, што е и нормално. Го однесов на сервис да ми ја сменат, човекот го виде телефонот ама не сакаше да се нафати дека му изгледало тешко да не го оштети. На друг ми бараа 2000 за да ја сменат. Вреди ли? Или едноставно да земам нов самсунг А6 (2018 ) , видов во Анхоч за 14 илј и нешто?
Да? Е па фала, и не гледав по мобилари, анхоч дека ми е во комшии па затоа. Јас со години користам самсунг и секогаш ме служеле. За оваа цена добар ли ми е изборот? Дека слушнав новите А линии не биле толку квалитетни или нема врска?