Прескап S10, S10+ и Fold-от. Пре би Note 9 отколку некој од овие. Сепак и не е огромна разликата во перфомансите од овие со Note 9. Плус, Note-от има пенкалце и нема "црни дупки" на екранот како овие. Инаку S10 5G е првиот телефон со 5Г мрежа.
Помош ве молам. Сакам да купам телефон но се двоумам помеѓу самсунг с9 плус и ајфон 8 плус или ајфон 7 плус ...што мислите што е подобро,кој има подобра камера? Ве молам ми треба повеќе мислења ...
Се двоумам помеѓу Samsung Galaxy A6 2018 и Samsung Galaxy J6 2018 , дали имате искуство со тие телефони, што е подобро и дали се квалитетни . Фала
Со сигурност а6, сестра ми има а6+ задоволна е не се жали инаку менува телефони по 2-3 годишно еве го да не е за подрек скоро година тера , мн се добри
Телефонов ВРИШТИ. Од вчера го мислам, штета што имам 1 година стар кој не би го менувала иначе цела заштеда на 10кава ќе го дадев. Како влече енергија? Од било кој телефон или само од телефоно со истава можност?
За жал малце време имав да го прочепкам,али можам да кажам од тоа што го видов страшен телефон,стварно е ептен добар.Иначе може да влече струја од секој телефон кој има Nfc.Али ова е украдено од Хуавеи,они први го ставија на Мате 20 про. Подобар избор ти е а8,доста се жалат од А7,слаба батерија,ефтина пластика,и не толку добра камера,џабе имаат 3 камери.
Можда е глупо прашањето хаха ама да си прашам, може ли обичните пораки шо си пишувал од стариот телефон некако да се префрлат во новиот?
Пробај со Copy my data и Samsung Switch. Втората треба веќе да ја има фабрички во телефоните, освен ако не ти се постари модели, па да мора да ја инсталираш од Плеј Стор накнадно. Пробај со овие две апликации. Мислам дека барем една од нив би ти завршила работа.