Колку ќе ме кошта да го сменам стаклото? .. А и еден дел од тачот не функционира.. Што се ќе треба да менам?
@ЕденЧлен Уште ова, се сетив, какво мислење имаш за Huawei mate 20 lite или P smart, во споредба со Samsung a7 2018? Благодарам уште еднаш.
Има ли опција на ајфон 6 предната камерата да не ги врти сликите, да се оргинални.. Неможев никаде да ја најдаж таа опција
Дечки денес си земав нов тел (самсунг ноте 9) но некако кога зборувам на тел многу лошо се слуша .. Што може да е проблем? вака музика кога ќе пуштам е супер, само кога зборувам е лошо..
Има две опции. Или е до телефонот или е до мрежата. Прво што треба да направиш, смени друга картица (спротивен оператор од тој што го користиш) и пробај да збориш и види дали ќе прави пак проблем. Второ, би можело да биде до телефонот. Ако ти слабо слушаш, тогаш е слушалката, а доколку тој од другата страна слабо те слуша, тогаш е микрофонот. Не се лесни и ефтини за менување тие делови, а и ретко се расипуваат, освен ако го потопиш телефонот со некоја течност или фатил влага додека си се бањала или си го допрела испотена. Чисто сумњам дека е првото.
Пробај со картичката. Нов телефон не смее така да прави одма, освен ако е сим картичката. Ако не е, тогаш побарај нов да ти дадат. Имаш право на тоа.
Во моментов имам ајфон, но размислувам за нов. Вечното прашање, да се вратам на првата љубов самсунг или да продолжам со ајфон. Реално, технички, не сум информирана кои се подобри. Совет во однос на подобри перформанси? Второто прашање. Последен модел или претпоследен кој во цена драстично се разликува од првите? Се си викам таман ќе го купам, ќе лупнам толку пари, за некој месец ќе испадне нов и ќе му падне цена. Техничките пееформанси помеѓу самсунг с 9 и 10 на пример големи ли се? Исто и за ајфон Вреди ли разликата во пари?
На првото прашање не сум баш информирана да одговорам, се надевам ќе се најде некој кој знае бидејќи и мене ме интересира. За второто прашање, мислам дека нема некоја голема разлика, ете конкретно за Ѕ9 и Ѕ10. Пример, најчесто разликата е една генерација понов процесор, една верзија поново Gorilla стакло и сл. Во овој случај има и 2МP повеќе на предната камера и малку поголем капацитет на батеријата. Меѓутоа, споредбата на цената мислам дека е позначајна затоа што како што кажа, веднаш паѓа, сепак спецификациите не се многу различни а Ѕ9 е прилично добар избор.
Ако си со ајфон, седи си со ајфон. Ретко кој преминува од ајфон на самсунг, а и обратно. Софтверски, iOS е подобар од Android. Постабилен систем, отпорен на вируси, лагови, кочење (освен ако е фул со меморија), затоа е и затворен систем. Додека па Андроидот е баш спротивното. Ако збориме за хардвер, камера, процесор, рам меморија и тн...на Самсунзите им нема рамни. Па дури и дизајнот според мене е подобар од тие на ајфон. Samsung S10 и S9 имаат голема разлика. Но мислам дека за S10 треба да се почека бар уште 2 месеци за да се стабилизира цената, бидејќи е многу висока. А за предлог за ајфон не би можел да ти кажам точно, бидејќи не знам колкав ти е буџетот и колку си спремна да инвестираш во нов телефон.
Важна ми е само камерата, квалитет на слики, голема меморија. Буџетот ми е 1000еу, се мислам дали најновите модели, сеедно ајфон или сансунг, или предходникот.