Јас имам Ајфон 7ца, 11 месеци скоро. 124 гб ми е.И со апликации со сè имам едвај 15 гб искористено. Ми се сфиѓа мене моделов, го земав бидејќи ми одговараше величината на самиот телефон.Ми има паѓано до сега, сеуште ниеднаш го немам искршено и не ми кочи. Според мене ако сакаш убави слики земи си некој модел на Ајфон со портрет. 7+,8ца ,8+,10ка и другите мислам натака. На линков ги имаш сите телефони со портрет. Јас се мислев меѓу 7 и 7+ заради портретот.Ама многу ми е гломазен некако, јас во џеб си ги носам телефоните. Ни на мојов не му е лоша задната, со добра светлина и фокус убави слики се прават.
@danichap јас од Ајфон отидов на Самсунг и се осетив како од коњ на магаре да сум отишла. Немав дотогаш користено Андроид и бев љубопитна ама сега следно кога ќе купувам телефон, ќе купам пак Ајфон. За камерите, мислам дека сите од поубавите телефони имаат сосема солидни камери. Бар за аматери како мене што чкрапнуваат тук-там некоја слика и тоа е тоа, многу ретко сликам и онака. Последно ме воодушеви камерата на Хуавеи Про, не ја запамтив бројката. Навистина убави слики. Единствено што ми сметаше кај Ајфонот е батеријата, многу брзо се троши. Самсунгов (купив еден што држеше најдолго батерија, тоа ми беше мене најбитен критериум кога бирав) навистина трае, го имам повеќе од година и пол, а батеријата држи и по цел ден на 4G кога сум надвор. И уште една разлика ја забележав - од Самсунг-от многу, ама многу повеќе ме болат очите. Јас се жалам од црвени/суви очи подолго време веќе и дури сега забележав дека ми е од телефонот. Со Ајфонот немав таков проблем. За тоа дали понов/постар модел, јас би го купила поновиот но под услов да го користам 4-5 години најмалку. Она, баш додека не се расипе. Ако сакаш почесто да си смениш, купи си го тој една генерација пред, да не ти биде жал.
@Doozy златен да е нема 4-5 да преживее кај мене со три деца. 1-2 е максимумот. ЈАс од Самсунг се префрлив на Ајфон за прв пат и искрено тешка ми беше адаптацијата . Сега си викам ако се вратам на Самсунг пак исто да не ми биде.
@danichap е тој фактор го заборавив, а многу е важен. Не, дефинитивно не зимај најнов тогаш. Нема толку голема разлика во спецификациите на еден модел, а цената е драстична оти играат на психолошки тригер сакам-најнов-телефон. За навикнувањето, и јас го имав истиот проблем, ама за недела дена, мислам не ни забележуваш веќе, без разлика каков ќе одбереш. Сите ги прават многу интуитивни да бидат и онака.
Најдобра камера моментално има Huawei Mate 20 Pro. И според мене е најдобар телефон на пазарот во моментов. Веќе кога фукаш толку пари, барем земи го најдобриот.
Јас од секогаш сум користела самсунг, и сега сакам да си земам нов телефон, и се мислам помеѓу Самсунг 9, и Хуавеи 30. Повеќе сум за хуавеи-то ама не знам баш дали ќе се снајдам со него, и не ја сваќам функцијата на 3 задни камери.
Камерите се маркетиншки трик. Да се палат луѓето на 10 камери. Хуавеи за година дена ќе бидат број 1 за телефони, ако веќе и не се. Слаби се софтверски, за разлика од Самсунг. А хардвер мислам дека имаат подобар. За кои точно модели се мислиш од Самсунг и Хуавеи? Кој Самсунг 9 и кој Хуавеи 30?
@danichap Данке, земи си самсунг s10+ гледам во сатурн се 1000 и 1150 евра и мирна глава. Јас самсунг не би ги сменила за ајфон..
Види дали ти е активиран Blue light филтерот.Ако не ти е уклучен, активирај го. И види до каде е, исто и со светлото, да не ти е на премногу светло. Мене ова многу ми помага, посебно затоа што цел ден работам пред компјутер.
Јас го земав Huawei P30 pro. Дефинитивно подобра телефонска камера моментално нема. Leica камера не е заебанција Јас го користам веќе 2 недели и сум супер задоволна. Батеријата од 20% на 100% се полни пола саат и потоа 2 или 3 дена немам потреба да го полнам.